тие (зам.) - наш (прид.)

А лекот го нашле, ете, пак кај нас, кај народот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Голема е, лели? Тоа го знаат и тиа наши големи луѓе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, арно решиле тиа наши браќа, ами ќе дојдат ли они да ни поможат? — праша поп Тодор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ние мариовците во Мариово, прилепчани — во Прилеп, битолчани во Битола и така со ред. Ви вела тиа се нашите луѓе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако неколку или сите пропаганди се спротивстават на тие наши барања и настојуваат во училиштата и црквите да се изучуваат и поминуваат само јазиците на пропагандите, тогаш да се преземат општи и енергични мерки против сите и религиозни и национални пропаганди во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие два меѓународни акта ни обеќаваат постепено раширување на реформите во Македонија и со тоа ни даваат право да се обраќаме до двете реформаторски држави со меморандуми и по други патишта за да им укажеме на нашите религиозно-национални и економски нужди, како и на тоа што го прави Турција, за да се исполнат тие наши нужди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И не знам зошто, ама некоја грутка ми го стегна грлото, градите ми се скаменија од јад и некоја мака, некој голем с`клет ме фати по тие наши пусти и крвави планини...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Додека се враќавме со мајка кон нашиот дом, се сетив на оние години од раснењето, кога се имав отуѓено од Зигмунд, и кога од дома излегував само со неа – чекоревме една покрај друга до пазарот, или до продавницата на татко, и нешто во ова наше враќање дома ме потсети на тие наши прошетки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Утринава зготвив телешка чорба,“ рече мајка кога го пречекоривме прагот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)