тие (зам.) - цел (прид.)

Тие целата своја биографија ја носат со себеси и низ неа - исчезнуваат. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Затоа, тие цел живот трчаат кон прегратките на новородената надеж, знаејќи дека таа последна умира – објасни старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Всушност, тие цело време се вртат во круг, како околу некоја кафкианска крепост, за да не можат никако да стасаат таму каде што наумиле...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога после, при крајот на војната, српските војски, здружени со француските, се обидоа да ги прогонат, тие цело лето, целата есен и целата таа зима куртулуваа од пешадиските, артилериските и авионските напади.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се ловеа тие целиот тој ден, никој од нив не можеше да рече дека не му се дадоа сите шанси, такви имаше и едниот и другиот од нив, а сепак, сето тоа мораше да заврши вака.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Особено страдаа француските колонијални војници. Лошо обучени, или направо жртвувани од француската команда, тие ќе јурнеа право пругоре кон окопиште, а таму Бугарите на нож ги дочекуваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)