тие (зам.) - како (прил.)

Се зголемуваше купот на насобраните речници, еден врз друг тие како да претставуваа вистинска балканвавилонска тврдина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Човек како мене толку сензитивен и посветен, може да биде исполнет најмногу од уметноста и науката, затоа што само тие како децата можат да се сакаат безусловно и секогаш на истото ќе ти одговорат со дупло поголема љубов, ако ги сакаш и негуваш на вистинскиот начин.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
За тие луѓе шанкерот секогаш ме предупредуваше како да ги служам, а јас на тоа му велев: - Ма кои се тие, јас не ги знам, какви политичари, исти се тие како сите луѓе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но тие како да решиле да постапуваат спротивно од мојата волја.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Косата незапирливо ми белее, капалките капат врз прозорците, столната полициски вперена – ги мачам чувствата но тие како да се скоевци.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
И тие како и војските, се напаѓаат кришум, подмолно, од заседа; се напаѓаат со опкружување или во редица; се напаѓаат молкум или со гракчеж што заглушува и паничи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кафеаната секогаш беше преполна: влетуваа во неа Ѓупките со дајрињата в рака, пееја, се виткаа, ја тресеа снагата; гледаа луѓето ококорени во нив, пуштаа раце кон нив да ги фатат, да ги штипнат, но тие како јагули се извиваа и избегнуваа од дофатите; кога ќе им ги собереа парите на луѓето, излетуваа надвор без поздрав, без збогум; утредента пак влетуваа со тие опојни песни и со тоа лудо тропање со дајрињата што свеста ја земаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Што ја сотирате рибава... Тие како што си дошле, така еден ден ќе си заминат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Баге заустува да му се спротистави: дека син му не е педер, дека е нормален, дека е женет, дека има дете, дека во нивната семејна лоза нема ни намек на самоубиствен ген, дека сета таа работа е наместена, изрежирана и подметната од некои мрачни сили што се испилија во овој наш плурализам (беше готов да плукне притоа, но во последен момент се воздржа), дека неговиот син е нивна невина жртва и дека токму тие како служба се должни да ги откријат, да ги казнат, а на синот негов да му го обелат образот, макар и мртов.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А другарите мои, и тие како мене, кој со една нога, кој со една рака, ама женети, постојано ме советуваа и ми велеа: - А бре, шутрак низаеден, прибери се еден ден и ожени се за да живееш како човек, а не така...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)