тие (зам.) - никогаш (прил.)

Германските нацисти и руските комунисти стигнаа многу блиску до нас во нивните методи, но тие никогаш немаа храброст да си ги признаат сопствените мотиви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И покрај сета нивна остроумност, тие никогаш не успеаја да ја совладаат тајната како да дознаат што мисли друго човечко суштество.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Хеликоптер со камера во клунот мора да ја следел во височината и имаше многу аплауз од партиските седишта, но една жена долу во проловскиот дел од салата ненадејно почна да крева врева и да вика дека тие не смееле да го прикажуваат пред децата, не требало, не е во ред пред деца сѐ додека полицијата не ја истурка надвор мислам дека нешто ѝ се случило, никому не му е гајле што велат проловите типична проловска реакција тие никогаш...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Седнаа и ги гледаа студентките, и сите се обидуваа да ги гледаат како нешто необично, како нешто чиј дел тие никогаш не биле, ниту пак сакаат да бидат.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Не можев да бидам момче за своите родители, а тие никогаш јасно не ми кажале, што друго, освен тоа, би сакале да бидам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но колку и лагата и вистината да ги видоизмениле своите ликови, колку и да се извртиле поради упорноста на лажговците и слабоста на вистинољубивите, сепак тие никогаш не можат да станат она другото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се разбира, тие никогаш не помислувале дека до пари ќе може да дојдат на легален начин - преку членски внос, работа или слично.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Шест години поминав во концлогор со вашите луѓе, им велам, но тие никогаш не нападнаа човек што не може да се брани...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Ноќва преку океанот во обете насоки летаат бомбардери по задача, и тие никогаш не ќе го видат копното.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)