тие (зам.) - тука (прил.)

Наместо да ме пуштеа да се истуширам ко човек, тие тука ме замиваат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тие тука продаваат пченица, грозје, дунки, зашто ништо во тоа мое село не стигнуваше до цветање, ништо среде тој камењар не врзуваше плод и не стигнуваше до зреење.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И таа негова смиреност, што не беше нималку слична на неговото однесување кога порано се гледаа во присуство на Атиџе, и таа го издаваше бегот: знаеше тој, знаеше зошто се тие тука, и бидејќи се беше обезбедил, покажуваше сега расположение што не му доликуваше на неговото убаво лице.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)