тоа (зам.) - што (зам.)

Си видел, му велат, ама не си видел, слеп си бил, тоа што требало да го видиш, не си го видел.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ова е мошне индикативен дел од најновото творештво на поетот, затоа што и љубовта и каменот и птицата стануваат нешто што никогаш не биле во неговото пеење: стануваат само и единствено тоа што се.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Откако ќе попаднеше во канџите на Партијата, тоа што човек го чувствуваше или не го чувствуваше, тоа што го правеше или се воздржуваше да го прави, не менуваше ништо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пилотите исто така беа изземени, откако една климактерична жена предизвика катастрофа намерно удирајќи во зградата на љубовницата на нејзиниот сопруг, ул. 254, влез 3, стан 46, од лифтот одма лево, како одмазда за тоа што тој, сопругот, ѝ купил на љубовницата правосмукалка на вода со ХП филтер, а неа, со три мали деца и долговлакнест териер, не.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Со постепеното одделување на македонските интереси од бугарските, со земањето на македонското прашање во свои раце и најпосле, и најмногу со сегашново востание Организацијата како резултат го постигна тоа што не го претпоставуваше: наместо слобода да бараат, сега во Македонија мнозина се убедени дека ни треба полно пресечување на врските со сите балкански народности и култивирање на сѐ што е во Македонија оригинално и свое: јазикот, обичаите, историјата, писменоста, народната литература итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа што го имаше во куќата, Мајка го делеше со своите соседи. И многу повеќе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но си даваше гајрет со тоа што: ако беше сиромашко, добро — ќе си го земат домазет на малиот од чичка ѝ Трајка, според првиот план; ако е некое чорбаџиско — ќе му ја дадат таму — на добро место.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Знаете што има кажано мојот дедо Јохан за иронијата: таа е зрното сол без кое не би можеле да уживаме во тоа што ни е принесено на трпезата.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во шепотот на утрото ќе го пронајдам мојот сон.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
-Ако не бидеме бугарски шовинисти и пристрасно не гледаме на работите, не можеме да не констатираме оти во Македонија Бугарите не направија за нас Македонците ништо повеќе од тоа што го направија Србите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дури и од тоа што му е познато и јасно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше очигледно дека тој не можеше да ги опфати сите, да ги зароби главните водачи во својот жолт нотес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
а возот само си пуфка, си штрака на шините, и од тоа не се слуша многу нашето викање, грми, не чувме и кога грмнало небото и туку - удри еден дожд на вагонот, штрака, така, така, така, како да работи машина за шиење, ако си чул, ама кај ќе чуеш, кај нас се шие на рака, колва озгора дождот, и почна да претечува од тоа отворчето одозгора, почна да капе, да навева и ние се креваме замелушени, ги креваме главите, зинуваме со устите и чекаме водата да ни капе на јазикот, се поттурнуваме така подзинати нагоре, ко штркови во седело, а дождот си шие одозгора, си колва и нѐ понакрева, нѐ наживнува, ама после не се легнува во сламата, сламата се раскваси и сите болви наскокаа на нас, ни се пикаат под пазуви, под гуша, под ногавици, и боцкаат, дупат, ти ја пијат крвта, тоа што останало од крвта, колку едно песочно браздиче, и така паткаме, два дена и две ноќи паткаме, а може помалку, не знам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За неолиобералниот пазар дозволено е сѐ што носи профит. Корупцијата, дрогата и за тоа што државата не наплатува данок.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И така: стремежот на Македонците да си создадат свој културен центар; тоа што сега Битола се прави престолнина на Македонија; што Битола, Охрид, Прилеп се историски места за Македонците; како и тоа што составуваат тие географски и јазичен центар, – сите заедно прават да се прифати како општ македонски литературен јазик централното македонско наречје.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оттаму произлегува дека откривањето на тоа што е вистина а што не е, не е животна задача. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 99
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа што се случува со тебе тука е засекогаш. Сфати го тоа однапред.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И зарем тоа што го рече ти во скрипториумот не е исто што и: Господ е првиот грешник?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Полицаецот ми го поттурна под нос и нареди: - Читај го тоа што е подвлечено со црно мастило.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Иконостасот беше тоа што најмногу ја разубавуваше нашата нова црква.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И за да се уверам, ја пронајдов во фиоките каде што сѐ си чувам за спомен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ковчегот е ставен и колата поаѓа и ние зад неа тргнуваме молчаливи на почетокот, а како што се должи патот до последното почивалиште, се погласно се слуша крцкањето на протезите, некои подзастануваат да земат подлабок здив, други се поддржуваат под рака и така почнува нов разговор за тоа што беше наша младост во времето – невремето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Којзнае дали било песна тоа што сум го кажувала околу гропчињата од Роса моја и од Ангелета мој.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ИЛИЈА: Се разбира дека ми е мака, кога моите сонародници си ја менуваат народноста, но пак ме теши тоа што не само меѓу народот македонски има такви, туку насекаде ги има такви како тебе — расипани души.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Британските групи како Битлси, Ролинг Стоунси, Гери енд Пејсмејкерс, Кинкс, Анималс, Јардбирдс итн. наидоа и ги променија сите ставови за тоа што е, а што не е во фазон. Tough-big-city-teenage look или Mod и Edwardian.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И знаеше дека тоа што го откри сега нема никогаш да го заборави.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Марија стоеше во средината на просторијата, до столчињата и вазата без цвеќе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Работата е во тоа што тие, капиталистите - тие и малубројните адвокати и свештеници и така натаму, кои живееле на нивна сметка - биле господари на земјата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во втората му беше полесно и понатаму сѐ полесно и полесно, зашто гласот за тоа што нарачува тој се расчу низ цело село додека тој уште немаше минато ни десетина куќи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А некој само заради тоа што не зготвиле до саатот што дале теир!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Добро, бре Витомире, му велам, може ли коњот да биде вол, само со тоа што ќе му го смениш името, како мене што ми го сменија презимето?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Слушаш ли? црвен и испотен шушкаше Кузман и ми се внесуваше в лице. - Слушаш? Тоа што баравме најдовме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа што го говорите треба да биде во согласност со тоа што го мислите, способноста да се најдат соодветни зборови за тоа што сакате да го кажете е во слободното изразување на чесните мисли.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сите филмови што сега, разлигавен, во главата ги правиш за мирно трето доба, со сите театри и опери кои сакаш да ги посетиш и да ги видиш и чуеш, сите книги што сакаш да ги читаш во двојка или, барем, како школска лектира да ги обработуваш со неа, затоа што таа те разбира најубаво и, додека молчиш, таа ја слуша твојата тишина и кроце пушта рака на твоето колено, кое потскокнува од тоа што нервите ти се отидени бестрага, се утопија, се разбира (тоа филмовите).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Исплашен сум Од тоа Што проаѓа Проаѓа, а јас согорувам Се размножува ноќта А јас? Бладам. Зборувам.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Само за големците не беше така. Тие ја имаа таа специјална продавница во која се наоѓаше тоа што за нас обичните луѓе ни на сон го немаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И за тоа што не треба го врза името мое.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Навикни се на затвор, навикни се на слобода. По навика се навикнувам, и на тоа што треба и на тоа што не треба.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А и Стојна не е тоа што беше. - Мори, не беше ваква, ми вели Стојна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потем, како и пред тоа што течело, потече кон своето безизлезно дно - и звук, и движење, и сѐ што беше живот, надеж, искушение.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Затоа што си обележана, и покрај тоа што нѐ има многу, по статистика, и по комшиите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа што го чув.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Затоа обединувањето беше зафатено врз почвата на тоа што Македонците се викаа Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А татко ти тогаш ти рече: „Сине, тоа е голем грев, тоа што наумил волкот да го стори“, но и ова го рече на оној негов чуден руски за кој сите го исмејуваа па и тогаш кога тој се напнуваше да ги увери присутните дека сите ние сме славјани и едно племе и дека треба да господари разбирјатељство помеѓу нас и да чувствуваме грижа едни за други, а јас, за да го смирам, морав да го повторам она што и пред тоа многупати му го имав речено: „Руски човече, побрзо јас ќе се разберам со своите мртви одошто ти со својата болка и со нас живите“, па тој веднаш замолкнуваше, се престоруваше најситно зрно просо и заминуваше во Горнидвор за да се качи на дудинката; беше и возрасен, и умен, а со срамно детско однесување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Судот, со оглед на сите околности и според свое убедување ќе цени од какво значење е тоа што странката која ја држи исправата не сака да постапи според решението на судот со кое ѝ се налага да ја поднесе исправата или, противно на убедувањето на судот, одрекува дека исправата се наоѓа кај неа (чл. 218, ст.1-2 и ст.4-5 од ЗПП). 173 Х.Џ. против Охис Пласт Спор за неисплатени плати
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ај оди сега, размисли малку и друг пат не ставај сол во секоја манџа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од сите преброени факти се гледа големата штета за нас Македонците од тоа што ние, или барем мнозина од нас, ги изедначуваме досега нашите интереси со општобугарските.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа што го јадеа беше некаква тенка јанија, поточно супа од зеленчук.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но кога видоа западните држави оти се излагани и оти Бугарија раѓа такви луѓе како покојниот Стамболов и живиот Свирчо, се успокоија и зедоа против волјата на Русија да го прават тоа што самите го расипаа во Берлин.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бегам од тоа што го видов, ми е страв и да се свртам, назад да се обѕрнам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Вака клекнувам на коленици еднаш неделно за да ти го исчистам бојлерчето, а што истекува од него? Калојна од газерот, тоа што преостанало, ако нешто останало.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Главната несреќа за Бугарија и за нејзините интереси е не во тоа што има многу партии и не сите ги знаеле арно народните интереси, ами во тоа што Бугарите малку се проникнати со народните интереси, особено со надворешните.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ЕДНА пролетна квечерина се најдов кај париските „Хали“ познат кварт на француската метропола по тоа што овде доскоро се наоѓаше „стомакот“ на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Вистина ли е тоа што го кажува?“ „Како опис, да.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јани итро се поднасмевна и, чукајќи се со прстот по – чело, рече: - Еј, чукнете се по лејките... зарем заборавивте што ни велеше пред некој ден политичкиот комесар за тоа што им зборувал на политичките комесари другарот Захаријадис?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа што ме воодушеви во романот е трагично – поетската димензија и симболиката.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога странката која е повикана да ја поднесе исправата одрекува дека исправата се наоѓа кај неа, судот може заради утврдување на овој факт да изведува докази.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Задоен со старински сфаќања за бракот и семејството никако не го прифаќаше тоа што му се зборуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Тој пак се сврти. Само за миг погледна на колоната и рече: - Ете, гледате нешто од... како да ви кажам... од реалноста, ама овој збор не знам да ви го објаснам попростачки, Запамтете го - зборот реалност тоа е тоа што гледате сега...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас и не знам што истекува и дали истекува нешто оттаму оти го голтам тоа што не сакам да го видам. Како да голтам шлајм.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
а) Во делот на материјалната одговорност на работникот, односно надоместот на причинетата штета, симптоматично е тоа што со ЗРО (2005) се избришаа трите члена кои подетално ја регулираа процедурата за утврдување и наплата на штетата: •  веќе не постои експлицитната одредба која предвидуваше дека работоводниот орган, или органот што тој ќе го определи, покренува постапка за утврдување и наплата на штетата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Лекарот мора на свој начин да каже: „Доаѓам без оглед на тоа што мислиш ти”. Понатаму: Проблемот со шизофреничарите е во тоа што тие не му веруваат никому. 48 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
— Што рече, вели Јоанидис. — Тоа што чу, велам јас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кај некои од нив тоа што беше останало од детството, и се развиваше во посилно битие од другото, накалеменото, успеваше да се помести во минатото и да ја објави битката на спасот. Битката на пробудениот јаничар.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За тврдењето на проф. Миловановиќ дека Македонија не составувала и не составува географска, етнографска и историска целина, за кое некои можеби ќе најдат потврда во моите расудувања за изменувањето на националното име кај нас, освен тоа што е речено кога стануваше зборот за прашањето дали има во Македонија две словенски народности, ќе го речам уште следново: Иако е Македонија составена од неколку котлини, разграничени со високи планини, пак таа во денешниот нејзин вид има живеано одделно од Бугарија и од Србија или самостоен живот или под други држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Важно беше, тоа што го објавувам, не сум го испеа, туку сум го раскажал.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Поголемиот дел од неа беше здодевна рутина, но вклучуваше исто така и толку тешки и замрсени задачи, што човек можеше да се загуби во нив како во длабочините на некој математички проблем - деликатни парчиња од фалсификат, во кои немаше од што друго да се раководи освен од познавањето на принципите на Ангсоцот и од сопствените претпоставки што е тоа што Партијата сака да го каже.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас се наведнувам над изворчето да се напијам вода и наеднаш се уплашувам од тоа што го гледам во водата. Се гледам себеси, а не се познавам. Како туѓо лице да гледам во водата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И пред да започнат со операцијата чистење на зборовите кои требаше конечно да завршат во минатото, како историзми, тие постојано се бореа со наносите што ги имаше секој збор отаде своето време поставувајќи си го постојано прашањето: каде останува тоа што веќе минало, дали минатото на некаков начин минува во сегашноста, дали е вечно присутно, дали идното е во сегашноста, дали тоа што било конечно значи никогаш повеќе, дали народите кои не го знаат своето минато се осудени одново да го живеат?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сепак, тоа што моментално го имав во животот ми беше некаков успех, тргнувајќи од фактот дека сум дошла од провинција во источниот дел од земјава, каде што птиците заборавиле да пеат кога летаат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Да се видиме и да си го кажеме тоа што ни е во срцето, да го кажеме додека не е касно!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тоа што нам ни личеше на кавга меѓу татко и син всушност, беше преиспитување на нивните сили во раскажувањето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го впивме тоа горчливо искуство на претците со мајчиното млеко, па го заборавивме – сакајќи да ѝ припаѓаме на новата Европа, заборавајќи дека Европа еден ден одново ќе ја сврти кон нас својата крволочна челуст; верувајќи во новата Европа ја заборавивме судбината на нашите блиски и далечни претци, заборавивме на крвта која им била пиена затоа што биле од инаква крв, ги заборавивме неброените судбини на понижуваните, лажно обвинуваните, прогонетите, мачените, усмртуваните, заборавени и од Бог и од ѓаволот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И најпосле, мнозина ќе забележат оти најголемата наша несреќа се крие во тоа што кај нас нема местен македонски патриотизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но имаше денови кога се нафаќаа за работа речиси ревносно, приредувајќи жива претстава со запишување на своите забелешки и правење нацрти на долги извештаи кои никогаш не беа завршувани - кога докажувањето на тоа што всушност си докажуваат стануваше неверојатно жестоко и компликувано, со суптилно ситничарење околу дефинициите, со огромни дигресии, со кавги - дури и со закани со обраќање до повисоки инстанци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дали од брзање или од други причини, ќе се знае од тоа што тропа во кутијата или од тоа што шушка во пликот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Човештина ли има во тоа што Зоја, а бре, погледни ја, девојче е уште, мрсулот, гледаш ли, како и виси, а таа го носи пушкомитралезот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Му беше мило за тоа што се случува, но немаше никаква физичка желба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А кој знае дали беше пчела тоа што го касна, и кој знае дали беше Мравеска пчелата. 230
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вреди ли уште да пребарувам по тоа што сум го пишувал или да останам рамнодушен на провокациите, кои бездруго беа поврзани како во верижно коло со други, трети прашања, кои неизоставно ќе ми бидат поставени во текот на патувањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Најнапред треба да се рече дека не е вистина тоа што го велат оти сега не му било времето да се подига прашањето за народноста на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа што не гледаше и тоа што одлета, рече.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сте го убивале тоа што го мразите, јас пак тоа што го љубам. И, ние сме квит.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нѐ збунува можеби тоа што понекогаш она што ни се допаѓа се поистоветува со патот на судбината.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Од глад или од тоа што знам дека пак е одена наоколу да ги подмамува оние мачки и она куче за пак да може по ручекот чиниите наместо да ги измие да им ги подметне на мачките и кучето да ги излижат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На сите им е многу важно да се фалат пред другарчињата со тоа што работат татковците и мајките и какво училиште завршиле.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Малку е тоа што ние ја пролевавме крвта на нашиот народ за туѓите, па и за интересите на нашите непријатели, но со нашата крв и со разорувањето ќе се восползуваат нашите непријатели од слободните државички за да продолжуваат со своите религиозни и национални пропаганди да нѐ делат на спротивставени и непријателски лагери: Срби, Грци и Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа што го мислиш никогаш не влегува докрај во зборот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
До Хегел развитокот се сфаќаше само како просто квалитативно или квантитативно растење или смалување, движењето како просторно преместуваше под влијание на надворешна „сила“, човечкиот ум како механичка копија и како механичко дејство или на „материјата“ или на идеите, “a priori” секоја ствар, секоја категорија само тоа што е, само рамна себеси и ништо повеќе.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
95. Значајно е што и Мисирков меѓу највидните македонски револуционери, и тоа „сепаратисти“ (со смислата што му се даваше на овој поим во тоа време), на прво место го поставува Гоцета Делчев, независно од тоа што овој не стигна да се изрази и јавно како „национален сепаратист“.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со газдата на дуќанот не се бакнавме, ама не ми удри ни „сиктер“ клоца дека му доцнам само три месеци со наемнина, ама има разбирање за мојата финансиска положба, а и јас за тоа што не беше срдечен со мене, а и незгодно е, многу ми е ачик дуќанот, па ќе види некој, па од несвидлак ќе ни извади муабет... па после, бруки и срамои!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој се определи за следниве најчести заемки: аршин, најраспространета заемка за означување должина, ширина и височина (62-75 см), (од турски аrşin); ока, мерка за тежина, 1 238 г (од турски okka); чифт, пар, рало (од турски çift); еден, непарен, осамен (од турски tek); ѓутуре, кутурица, нешто земено без мера, на куп, наеднаш (од турски gütüre); карар, мера, умерено (од арапски ḳarār); ајар, мерка на чистотата на златото, а и точно и прецизно регулирање на саатот (од арапски ʿiyār); фира, тоа што се отфрла при мерењето и почесто при изработувањето на нешто, отпадок (од персиски fru); урнек, јурнек, образец, пример, кројка, модел (од турски örnеk) Климент Камилски се чувствуваше осамен на бојното поле со турцизмите кои го напаѓаа од сите страни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаме и други сведоштва за тоа што ни го одзедоа, за куќата, за лозјето, за воденичката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
имаше еден безбожник којшто призна дека кога му било најтешко, пак, на небото му се помолил, пак верувал дека нема господ, ама друг и немало до него и устата сама му се отворила да го моли господ, оти тогаш може да ти помогне само тоа што не е до тебе, тоа што не го гледаш, што не го познаваш, што не си го сретнал, господ мора да е и овдека и онаму, вели Илија Јованов, господ мора да е насекаде и затоа не можеме да го видиме и тогаш пак го гледаме офицерот, се враќа: дали сте биле војници, прашува, не, не сме биле, кажуваме, е отсега ќе бидете, вели, смртната казна ви ја заменувам со казна на прва борбена линија, вели, ќе потпишете дека доброволно се јавувате, ќе потпишеме, велиме, како не ќе потпишеме, таму барем може и да преживеете, вели, е ти благодариме, господине, велиме, ти отсега си ни господ, велиме, и одиме му ги бацуваме рацете, колената, чизмите, не бацувајте ме мене, туку потпишете овдека, ни вели, имате штастие, имаме, велиме, и среќа и штастие имаме, сигурно дека е пијан, си мислиме и нѐ одведоа во некоја касарна, ни дадоа алишта и плачките ни ги вратија после пак ни ги зедоа, ама тогаш ни ги вратија, само парите не ги вратија, пари не ви требаат, велат, оти одиме на фронт кон Турција или во Македонија. 122
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А како ќе му одмазди Луман на Бошка за тоа што рекол дека ќе го предаде на комитите, се знаеше – со крв и никако инаку.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Животот, на крајот од краиштата, е само колаж од одделни моменти на кои се сеќаваме – колку парадоксално е тоа што во него минуваат цели денови, месеци, години кои воопшто не ни остануваат со сеќавањето и поради својата истоветност пропааѓаат во заборав.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Страшниот човек ги допреплаши децата со тоа што, кога тие се свртија кон него, се принамршти и им свика: - Што правите тука, бре ќерата!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И мојот добар дедо почнувал да раскажува како чевлињата ќе бидат едни црни, светликави, со скобички по ѓоновите, со врвци што на крајот ќе имаат желевца за провирање во дупките но сепак најубавото на нив ќе биде тоа што таму каде што ќе се врзуваат ќе имаат нашарен преклоп.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но Турците со тоа што нѐ нарекоа нас: рајати и ѓаури, гледаа на нас како на луѓе не од извесна народност, а што се во а извесен однос спрема нив, господарите и правоверните.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ти конечно ме бакна, и како и овие дождови и секавици, како и овие ветришта, ме окова за себеси, и тоа што веќе меѓу нас се случи сега и Бог - господ не може да го спречи.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Суптилно ѝ се прикрадувам на глорифицираната осаменост.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
ИВАН: Прости. Не мислев да те навредам. (Трга накај неа. Очевидно е дека сака да го поправи тоа што го згрешил.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Колку повеќе се будеше, сѐ поодредено разбираше дека она одвратното и навредливото е токму тоа што постои, а она што го прекина овој смел глас е така полнолико гордо, силно и младо и сета негова намачена душа жедува за она што веќе не постои и што престанало да биде живот и се претворило во некаква оддалечена светлина а без која е тескобно и мрачно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
89. На Мисирков секако му правело впечаток тоа што ТМОРО во своите основни акти имаше една „интернационалистичка” платформа, а во своите практични настапи им даваше повод на некои набљудувачи на движењето да ја сметаат како експонент на бугарските цели во Македонија, бидејќи го опфаќаше претежно егзархиското население, ги толерираше егзархиските цркви и училишта, а им се спротивставуваше на другите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оти, тоа што тој го имаше напишано беше многу слично на една моја стара разгледница што јас им ја имав лани пратено дома, кога бев на летување со школо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со свои очи ќе си ги гледаш цревата, ѝ велам, па после ми е тешко од тоа што сум го рекла.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали Толе можеше да го изврши тоа што го рече?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа ја отвори вратата. „Мамо!“ „Да.“ „Што е логика?“ „Логика? Па, мила, логиката е сознание за тоа што е вистинито, а што не е.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
-Сите го добиваме тоа што го бараме. Не постои виновник надвор од нас.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Можеби, најпосле, ќе го експлоатираат Србите сето речено за изменувањето на нашето национално име за да докажат дека Македонците никогаш немале национално самосознание и не играле никаква самостојна историска улога, ами влегувале само како суров материјал во државниот организам на бугарската или на српската држава. 153 Меѓу другото, такви недоразбирања можат да се очекуваат, како од тоа што јас категорички ја осудив бугарската политика по македонската прашање, од кое можат да помислат дека јас сум бугарофоб и србофил, и со таа и од експлоататорската тактика на балканските Словени во македонското прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се изврши дефинирање на тоа што се подразбира под објавување на јавен оглас – „секое јавно објавување на потребата на работодавачот од работник, за пополнување на слободно работно место, без оглед на тоа дали огласот се објавува во дневен печат или во други средства за јавно информирање, печатени или електронски. 18
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Тоа што си го знае напамет: - Стомниња, бардиња, грниња, уш, ќукш, ги тера магарињата, натоварени со посатки и само вика: стомниња, бардиња, грниња, купете за умрените, за погинатите, вели, за курово здравје гинеа, за ветер во магла, вели, ама мора нешто да ѝ имаме згрешено на мечката од Москва, стомниња, бардиња, грниња, мора да сме ѝ згрешиле, нѐ има секакви ’рчпали, вели, стомниња, бардиња, грниња, не ни е за џабе налутена мечката, вели, не нѐ гледа за ништо напоречки, вели, стомниња, бардиња, грниња, ни пушти шенци, чкрапји и тавтабици и сега чешај се, ако можеш да се досегнеш, стомнина, бардиња, грниња, вели, нѐ остави да нѐ делат ко варена тиква, ко чајчаре, една велка овему, една велка онему.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А што ли си мислевте предци наши Дека сите ќе станете коџобаши? Дека ќе жнеете тоа што сеете?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
По малку беше застрашувачки тоа што од потокот звуци што се истураа од неговата уста, беше речиси невозможно да се разбере ниту еден збор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Заедничкото на јаничарите и језуитите им беше тоа што и едните и другите исчезнуваа толку тажно и во мрак, без зрак слава и признание, жртвувани за подемот и величината на Султанот и Папата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А тајната на слушање на срцето е во вербата во самите себе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не наоѓа ништо, барем не тоа што го бара.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
1. Не гасне светлината на тој гласот да го запрета свој во молк што треба пред големото зло од друго зло што иде во мугрите на виделото Тоа што сенката од нив да му ја изгони сака Сега е веќе мигот да се замине што повикува со стариот копнеж на битието во трепетот на крвта Будната роса на челото светлината на утрото ја позема пат правејќи низ мракот Вика гороцветот со муграта во пазувите
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Многу години пред да го напише „Мојсеј и монотеизмот”, брат ми со мајчиното млеко ја вцица и горкоста на изгонетите од земја во земја, на проколнатите заради различната религија и различното потекло, на горените на клада заради тоа што оние другите, кои се сметале за правоверни, со векови лажно ги обвинувале дека фрлале отров во бунарите, дека предизвикувале чума, дека правеле договори со ѓаволот; уште со млекото на нашата мајка тој го имаше примено во себе тој горчлив вкус.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кажуваат само луѓето, си мислам. И тоа што ќе им текне ти кажуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А ти учи од него, оти тоа што го глаголи не е отров: та нели отровите, во мали дози, во капки само, како и мојата ука на преподавањето сказанија, се користат како лекарства за болки?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но неговите раководители мислеа друго: тие во иднината, како и во сегашното, го гледаа само тоа што им е пријатно да го видат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеме само да читаме за нив во книгите, а тоа што пишува во книгите можеби не е вистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ама тоа што копа не запира да работи, вели, и знам дека не е одозгора, вели, не е ни од градиве, на кожава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас ги облекувам најудобните чевли, а често и боса трчам најбрзо што можам за да го зграпчам тоа што остана од денот, од годината и од животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Наша женска среќа: Да родиш, да нахраниш, да успиеш, да расповиеш, да повиеш, да испереш, да спростреш, да исушиш, да собереш, да испеглаш, и гледаш твоето време заминало, снагата ти клапнала, некаква тежина ќе ти легне врз очите, што се рекло, ќе се изгубиш во сонот а без да разликуваш сон ли беше или јаве тоа што помина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Беше навикната да ги проценува луѓето според нивните лица и ѝ изгледаше природно тоа што Винстон мислеше дека на О'Брајан може да му се верува само врз основа на една средба на нивните погледи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не е важно која беше процедурата на нашето враќање и враќањето на нашата кола (љубезниот британски моторциклист до автопатот; уште пољубезното арапско семејство кое излегло да се повози последниот ден од рамазанот, до Тангер со еден пар средовечни јенки туристи; следниот ден, љубезниот возач од агенцијата за изнајмување коли кој доби добра напојница и, се разбира, имаше дупликат од клучевите; сигурниот чувар на плажата, кој со болно достоинство му објасни на возачот дека мојата напојница од осум дирхеми не е соодветна на тоа што тој „цела ноќ” го чувал нашето сега веќе отклучано комби, но дека уште два дирхеми ќе ја суредат работата); поентата на оваа анегдота со загубениот клуч, на која во меѓувреме едвај и да помислив, сѐ додека оваа дигресија со која купувам време не ја врати, е што...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тамам ќе смислам да кажам, а веќе заборавам што беше тоа што требаше да кажам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Народниот идеал се применува според историските прилики, и тоа што денеска било народен идеал - утре, по неговрто осаштествување, ќе му отстапи место на друг, за кој понапред малку се мислело.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
– Сѐ на сѐ, вистинска среќа е тоа што таа се најде овде, зашто ние сме стручни за случаи кои бараат дисциплина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Признаваше сѐ, дури и тоа што беше успеал да не го каже под тортура.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Првиот, од аспект на тоа што во меѓународното трудово право и конвенционалното право на Меѓународната организација на трудот, кај условите за работа постои одредена дихотомија при правното дефинирање, односно под оваа категорија се подразбираат оние нужни претпоставки пред отпочнување на трудово-производствениот однос кај работодавачот (работни простории, машини, алати итн.), додека под работни услови се дефинира поширок обем на екстремно важни трудово-правни институти како што се работното време, одмор или заштитата при работа, како и физичките и ментални аспекти кои ги изискува работното место, па затоа поумесно би било наместо рестриктивната формулација „услови за работа“ во иднина таа да биде заменета со „општи услови за работа“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Немаш ништо од тоа што си имал, и што си бил, немаш ни малку од тоа што ти треба.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Може да биде сосем спротивното на тоа што го реков јас погоре за комитетите, т. е. тие се готови да ѝ дадат на Европа секакви гаранции Македонија да не се соедини со Бугарија, но тие никојпат не ќе се согласат да се упразни во Македонија бугарскиот јазик и бугарското име во полза на централното македонско наречје и името „Македонец”, со други зборови, тоа што го реков јас дека имало само еден чекор од таа положба што Македонците и македонските комитети по македонското прашање се држат кон Бугарија, па до полното отцепување на Македонија и Македонците од бугарските национални интереси, не е право, зашто не еден чекор, ами цела пропаст го одделува едното од другото, и комитетите ќе покажат најсилно спротивставување на новото течење; 2) ако се допушти оти комитетите никојпат нема да се согласат со упразнувањето на бугарското име и јазик од Македонија, а заедно со нив против новото течење ќе биде и целата македонска интелигенција со бугарско образование, тогаш од каде ќе црпи сила за себе новото течење?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Во тоа што, пред да излезам, мама или тато не пропуштаат да ми речат да сум дома во девет часот. - Гледаш во што е штосот?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа што ѝ пееше овдека. 3.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Фала на Виктор Лозанов за нацртаната корица и на Билјана Т. Димко за тоа што ракописот го приближи до македонскиот стандарден јазик.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ова го правеше поради тоа што не го примаа во војска.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не е извинение за бугарскиот народ и тоа што недостојните дипломати ѝ припаѓаат на оваа или на онаа партија и кнезот се ползува со повикувањето на власт, по лични наоѓања, ту една ту друга партија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Знаеш, реков, не знаејќи како да го кажам тоа што сакав да го кажам, знаеш, реков, оној што сака да пишува гледа што гледа околу себе, го има предвид и она што некои други го рекле за истата работа, ама сепак мора да се осами и само во своите мисли да гледа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Необично беше тоа што изгледаше дека не само што ја загубил способноста да се изрази, туку дека дури и заборавил што е тоа што првобитно имаше намера да го каже.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Остани со здравје и размисли за тоа што ти реков...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
83. Таа арнотија добива уште поголемо значење со тоа што таа беше причината да се образуваат комитети, организации, чети, востанија, да има убиства, грабежи, колења и др. и во сето тоа Бугарија ни помогна и со пари и со трпење на комитетите на своја земја. 4/ верата во бугарското чувство кон нас си ја плативме со воставањето, од кое Бугарија вистина не нѐ задржа и не ни помогна, но… го испрати Начевича84 да преговара…
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа што не го гледате, а го слушате, тоа сум јас и ви зборувам далеку од вашите очи, скриен под врвот на планината во месноста наречена Мрак.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тие денови на големо гледање и мислење, што го гледаше и милеше Брчалото, некои од брезничаните, губејќи трпение, додека тој седеше во зелениот пластичен стол замислено загледан во Тумбица, но од сочувство за неговите маки, ќе му речеа: „Уште ли не можеш да го најдеш тоа што го бараш?“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Еден живот ни е доволен за страдање и сѐ што сакаме потоа е тишина и вечен мир.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Туку шуќур си велам денеска што е недела Па поповите имаат венчавки и крштевки И немаат време за визитации на коали и други сонувачи На сон поп ако ти дојде ќе ти напраи триста лошотии На сон владика или поп и за ѓаволи се веруваат А богами не се чуло дека и на јаве ги есапат за ангели Така барем велат дојденците од Македонија кои своите попови Повеќе се среќаваат по судови одошто по црквите За да расчистат како може тоа што народот го изградил Да не биде народно ами попово И како може некој да биде овчар ако нема стадо И многу имотно-правни а не духовни работи Расчистуваат македонските попови по австралиските судови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Таа се сврте кон мене со зачуден израз на лицето. Нешто не ѝ се допадна во тоа што ѝ го реков.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Додека медитиравме на она сум, значи постојам, ние навистина, и бевме, и постоевме, во тоа што го работевме и го живеевме. Сега сѐ е поинаку.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кант почна со критиката на бессилноста на францускиот механички материјализам со тоа што ја оддели мислата од материјата.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Холанѓанецот на сето тоа толку многу ликуваше, просто лицето му светна од среќа како да не ми се одмаздил доволно за тоа што му го сторив.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Плачам и се крстам. Молам да не е тоа што мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Убави тие, дечиња. Како ви оди чколото? - Добро, - реков размислувајќи за тоа што го кажа бабата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога ќе има зборуваш на луѓето дека тие се светии дека живеат обвиткани во минијатурни ѕвезди, ќе те гледаат чудно, не верувајќи во тоа што зборуваш.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во Турција до руско-турските војни зборовите „Срб-ѓаур” треба да го означувале тоа што сега го означуваат зборовите „москов ѓаур”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- „Гневот не раздели или љубовта? Судбината не порази или гордоста?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А потоа тука беше и таа секогаш присутна сенка на претходникот на Цви, чуварот на архирабинската столица, оној обзирен рабин Хаим Хабиб што и двајцата не го сакаа можеби поради неговата вечна љубезност и секако поради тоа што многумина во заедницата го сметаа за неофицијален главен рабин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ме изненади тоа што ме ослови и со името и со презимето, како службеник што ословува клиент на шалтер.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се садеше што не се посадило, или се додаваше на тоа што веќе беше посадено - уште некоја леа пипер, четири реда патлиџан, два трапа барбуња, едно парче големо колку да се растркала магаре, крастајчиња, блиску пред куќата жените ги садеа или ги пренесуваа веќе порано посадените џунџулиња, пркоси, париња, сивци, гербери.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таквиот правец при оддалечувањето од географскиот центар се објаснува со тоа што тие краишта се од поголемо историско значење за Македонија, а од друга страна, тие се пооддалечени и од српскиот и од бугарскиот јазичен центар, составувајќи од себе македонски јазичен центар.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не толку од тоа што сакаше да им помогне колку од несовладливата потреба да им се допадне и на селаните.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Горам од нетрпение да видам што е тоа што те тера така брзо и така лесно да го извлечеш пиштолот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Необично беше тоа што, додека го пишуваше тоа, во главата му се разбистри едно сосем поинакво сеќавање, до таа мера што се почувствува речиси способен да го напише.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Врз основа на сето тоа што го реков јас за историјата на националните имиња што се имаат сменувано едно со друго, како и за причините за тие сменувања, ќе изникнат многу злоупотреби.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Попусто е човек да му се опира на тоа што станува и што треба да стане и да ја бара чистотата на својот убав сон во средствата на остварувањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Зависи од тоа што сакаш да купиш, Барбут- бегуле. Познато ти е – продавам сѐ и сешто.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Но, сѐ уште го носиме товарот да го прераскажеме тоа што го проживеавме, ако сѐ уште има некој кој сака да не ислуша.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И вистина виде. Тоа што ми се кажаа, се докажа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш, Паца го наведнала погледот зачистувајќи си ја футата и истргнувајќи си го фустанот преку колената рекла, повеќе како за себе, ама добро да чуе Спиро: „Ете, како да е вистина тоа што се вели дека златен свети Наум е чудотворец!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Така почнаа да го критикуваат по весниците, само година дена по неговото соединување на архирабинската столица.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На ова место тажно им беше само тоа што гледаа толкава шир пред себе, но не и оној крај од каде што беа тие.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зашто, што е тоа што остана, а што тие не го извлекоа од него со мачење ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Треба да бидеме слепи за да не го видиме тоа што е очигледно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На деда си ни збор не му кажа за тоа што му се случуваше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На тоа што да кажеме и што да им речеме на такви безумни?
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Ко онемена сум од тоа што го видов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Срцето не можеш да го излажеш ниту да го украдеш животот, не постои конспиративен к’смет, ќе биде тоа што треба да биде, тоа што е судено, веќе некаде напишано за сите нас, откажете се од илузиите дека е поинаку.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со други зборови, дајте им ја вие власта во рацете на Македонците, тоа треба да се разбере на оние од нив што се викаат Бугари, та од неколку години после вие ќе видите оти и во Македонија од другите народности ќе остане тоа што остана од Грците во Источна Румелија, по ослободувањето на последнава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така еден ден додека ги врамувавме Мерлинките, Марк забележи дека го смета Џерард за премногу “комплициран”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Арнотија ли е тоа што прима таа на своја служба Македонци, кога последниве со службата, или заради неа, ја заборавуваат својата татковина и нејзините интереси ги жртвуваат на бугарските?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но што беше тоа што се случи одеднаш.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Туку седи Силјан и се чуди на тоа што му го кажувале; каква работа ќе биде таа, луѓе невидени ни чуени да му прикажуваат за сѐ што имал дома и за што му се сторило нему и во селото.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Пред да ја совлада сонот, Мајка размислуваше за тоа што ли треба да му каже на Татко, за да мине низ неговата „цензура”, па да ни биде пренесено нам, на децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа што им го кажувам, гледам, не им треба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По нејзиното доаѓање дел од основните методи на дотогашната работа, што се потпираа на долгогодишното искуство, или го изгубија своето значење, или бараа неодложно прилагодување на непредвидливите ситуации, но многу позбунувачки беше тоа што се случи со началникот Круме Волнаровски: јас станував сѐ повеќе несигурен и неспокоен, затворен и оттуѓен, лош кон другите и кон себе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тогаш сонцето, веќе на запад, се сцрве од лутина.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А кога им велите: штом востанието е општо од сите македонски народности, тогаш зошто Комитетот заседава само во Бугарија, а не и во Србија, Влашко и на друго место, тие одговараат вака: Од тоа што комитетите заседаваат во Бугарија погрешно е да се прави заклучок дека македонските комитети се бугарски; за македонските комитети Бугарија не е ништо повеќе од една држава што им укажува гостопримство на Македонците и им дава слобода да работат слободно до колку таа работа не ѝ нанесува штета на државата, т.е.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сегашните руско-австриски реформи многу се разликуваат од Берлинскиот договор со тоа што тие се само меѓународен акт склучен меѓу три држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Или, поинаку речено: „Тоа што можеш да го сработиш, да го завршиш сега, не одлагај го за после“.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тогај свјатии ангели, што ме водеха, туриха от моите добри работи на терезиа, и што не достигна, туриха от това што ми хариза свјатиј Василиа мој духовник.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Го гледав тоа што веќе ви го кажав.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пред сѐ заради тоа што не ни е среден односот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
– „Море не велете ми аџија, бре селани им рекол Силјан, оти не би касмет да одам на аџилак, чунки дуовникот што ме зеде да ме носи се удави в море; оставете, браќа, не е за кажување и за верување тоа што сум патил во овие две-три години, ама ак ми беше тоа што сум патил оти од таткова и мајкина клетва не сум верувал.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Сѐ уште спиев кога шепотот на утрото ми го украде сонот, тогаш кога бев само дете, но секое наредно утро сѐ до крајот ќе го барам тоа што одамна ми беше одземено.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но тие треба да ја гледаат во иднината реалноста, а не тоа што им се бендисува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А пред тоа што ли не се зборуваше! Сѐ најлошо!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Постарите си прикажуваа за тоа што го знаеја и што го доживеале.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но како може да се заштити тоа што си го посеал со љубов кога станува залак за другега.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И тој верно и предано му служеше на господарот, без обѕир на тоа што Велика спиеше со него на двете недели еднаш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ме ужасува тоа што точноста на соновникот зависи од нејзината искреност.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Србин и Шишман веднаш штом сфатија што им вели Чакарвелика, ги свртеа полека главите назад кон планината како да ќе видат нешто од тоа што го чуја.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тие два меѓународни акта ни обеќаваат постепено раширување на реформите во Македонија и со тоа ни даваат право да се обраќаме до двете реформаторски држави со меморандуми и по други патишта за да им укажеме на нашите религиозно-национални и економски нужди, како и на тоа што го прави Турција, за да се исполнат тие наши нужди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така: „Совршено е/ Тоа што го гледам/ Јас несовршен/ Запишувам/ “.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
59. Овде Мисирков веројатно го има предвид пишувањето на Д.Вергун во неговото списание „Славјански вјак” [II, 62, Виена, 15 (28). II 1903.432], кој во веста за основањето на МНЛД, откако овој акт го поврзува директно со Македонскиот клуб во Белград и неговиот орган „Балкански гласник” (1902), заклучува: „Програмата на овие поборници за етнографска, а не географска Македонија, страда само од тоа што се јавува со огромно задоцнување од најмалку 30 години”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ползата за народот од научното работење на нашата интелигенција ќе се види од тоа што нашиот народ сам со свои очи ќе може да погледне на себе и на другите народи, ќе ги изучи своите и туѓите достоинства и недостатоци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, она што навистина го изненади стариот професор беше не тоа дека кучето со поглед секогаш го следеше кога тој пребаруваше по библиотеката, туку тоа што кога седна во фотелјата и ја отвори големата книга на скутот пред себе, кучето скокна со двете нозе на фотелјата од зад него и се вникна доближувајќи му ја главата и допирајќи го со влакната на својата глава некаде по вратот како едно време покојната жена кога попатно му ѕиркаше во четивото, а што него благо го обеспокојуваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се разбира, бев спремен да прифатам дека сето тоа што го рече за матежината и тешкотиите на изминатите години може да биде точно. Но и не мора!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А научив и по тоа што на тој ден дома беше вистинска збркотница: уште во рани зори стануваше мајка ми, нѐ будеше сестра ми, мене, дедо ми и почнуваше она што севезден го проколнував: ги тресевме постелите, ја менуваме сламата од сламарниците, се пентаревме на столови и со метла мавтавме по ќошињата кинејќи ја пајажината, роневме пченка и толчевме исушени пиперки, ги вадевме добичињата да се топлат на сонце во дворот, трчавме по кокошките за да ја фатиме онаа што носеше јајца во туѓа плевна и на која дедо ми уште одвечер ќе ѝ донесеше пресуда зборувајќи дека такви лиоти не би требало да се држат дома.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
— Напишете тоа што било, вели и ни подава хартија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А тоа што можам, правам, еве, ако сакаш да ти дадам на заем, па како што е редот ќе ми платиш.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тоа што навистина сакав да го дознаам е следново“, рече.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ПАНДЕ: Така е, сето тоа што го зборуваш е убаво, само, една наша стара поговорка вели: „Додека не скокнеш не вели — оппа!“
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Не си правам филмови. Тоа што го забележувам е точно, само се прашувам како ќе го докажам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Никако не, зашто ни една пропаганда, колку и да е таа силна, не може да ни го даде тоа што го очекуваме ние од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но великодушноста на Србите е само затоа да ја покажат умереноста на својот апетит и справедливоста на нивните барања: Ете, не го сакаме тоа што не е наше.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Само што ова не е ручек, туку живот,” реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бројот на приврзаниците јавни и тајни ќе расте, не по дни, а по часови. Важно е тоа што до кога што ќе има во Македонија бугарска пропаганда, ќе има и српска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе те убие тоа што треба да те спаси. Мерка во сѐ и дисциплина. Тоа е конечната мудрост. Кој ти дозволи да спиеш на под?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Да се прикриваат сопствените чувства, да се контролира изразот на лицето, да се прави тоа што го прават сите други, беше инстинктивна реакција.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И косата му се наежи од тоа што допрва ќе треба да го види.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но тоа што ни се проштаваше досега, не може да ни се опрости за напред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе го оставам светлото запалено и можеби една врнежлива ноќ ќе навратиш до мојот топол дом.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Таа си го тера само тоа што го знае.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Небото е распарано. Од него во голем водопад се спушта магла и сака да покрие сѐ; секоја тајна, и најмала, да остане тоа што е.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со ова, практично се допушти, пред сѐ од страна на државните органи, морално недопустливо, да се утврдуваат паузи при работа со странки, што е редок компаративен случај – бидејќи не е целисходно вработените во државната администрација да одат на пауза „сите заедно“, туку така што барем еден од нив ќе остане да работи на шалтер или во отворена канцеларија за прием на граѓани, а своето право на пауза ќе го оствари порано или, пак, подоцна од другите свои колеги; б) симптоматично е тоа што со новиот ЗРО (2005) се избриша експлицитната превентивна одредба, којашто предвидуваше дека работникот не може да се откаже од правото на платен дневен, неделен и годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати (чл. 51, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И учителката, со својот внимателен однос кон мене, често ме потсеќаше на тоа страшно, и јас не можев да внимавам на тоа што го предаваше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Секој од нас ќе забележи оти тие луѓе, за кои ние знаевме само од книга и ги знаевме како луѓе што сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за пријатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покровители, не затоа што сме ние Грци, или Бугари или Срби, не зашто се грижат за некакви општонародни интереси во кои влегуваат и нашите, не зашто сакаат да поможат и да нѐ избават нас, а само со чисто егоистички цели, т.е. тие го експлоатираат тоа што ние се викаме со нивните народни имиња и сакаат, врз основа на постоењето на тие народни имиња во нашата татковина, да ја зголемат својата татковина, да ги обезбедат своите интереси со завладувањето ако не на цела Македонија, тоа барем на голем дел од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа лето беше првата U.S. турнеја на Битлси и одеднаш сите почнаа да се прават Англичани.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Во матната сум, велам и тоа што го правам и душманот да не го прави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа што таа мина низ измачување и длабока болка се исплатуваше само за ова што го доживеа во овој момент на надоместок.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А ако си принуден да го сториш под присила тогаш измиј си ги рацете, како оној несреќник Пилат!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Овој и ваков Бино, со два класа гимназија, многу добро си ја бркаше даскалската работа: да ги научи децата да пишуваат, да читаат и псалат во црквата, но загрижен за својата материјална положба сосема малку работеше на националното подигнување на народот па и тоа што го правеше, го правеше во насока што му ја укажуваа егзархиските луѓе, т. е. кон Б'лгарштината.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се сетив на мудроста за која и не знаев на кого му припаѓа иако ја имав веќе забележано во моите белешки. Тоа што го прави нечистивиот не прави го и ти!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Немој мори, Велико, немој сестрице, ми вели, што е тоа што работиш, вели, зар и ти треба да се отепаш, вели, нека ти се живи другите, вели, имаш и други деца за гледање, вели, зар сакаш сираци да ги оставиш, вели. И плаче. Се засркнува од солзите. 62
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Единствена грижа му стана како да открие што е тоа што тие сакаат да им признае и потоа да го признае брзо, пред мачењето одново да почне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа што мислиш дека го сакаш, не е вистинското, тоа е она што мислиш дека треба да го сакаш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Задачата што ни претстои е од таков карактер што бара Вашиот сопруг, токму поради тоа што е еден од најистакнатите работници во нашето легално движење, да не биде замешан во работата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Пецета го прогласија за војвода, а Трајанка за баба Ѕвезда, жена во сите села наоколу прочуена по тоа што секогаш ги криела и ги хранела комитите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сфатив дека е само среќна околност тоа што до сега ништо лошо не се случи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Не сакам луѓето да помислат тоа што не треба“, рече некако налутено.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И затоа не размислувам, на тоа што ме кочи, стравот од мене бега, летам во воздух, јастреб без милост, без непребол.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Само тоа што се случува во сите умови, навистина се случува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе речете: Величествена гозба: Вдахновението Совршенството Смртта и Ти: Принесениот На Трпезата. зборовите Пеат и молитват Во мојот храм Зборовите што ги Оживувам. тоа што ќе пропее Тоа што ќе пропее И тоа што ќе полуди Тоа ќе да е мојот глас Тоа е ќе да сум јас? засек Остер нож. Убод. Рана.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
А сепак, тоа што беше напишано на неговото лице можеби и не беше неисправност, туку едноставно интелигенција.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но Камилски не мислеше да ја шири оваа дебата, сакајќи и тој, како Татко, на крајот да ја завршат својата мисија, да ги опфатат и другите планирани и замислени ориентализми, се разбира, оставајќи простор, на некој посебен кој би го оправдал заедничкото внимание!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нешто треба да се превзема, другари! крикнува Друже Србине, а Корнулов, спокојно, дури рамнодушно Што да се превземе, другар претседател? (ако стигне уште нешто да префрли во своето килерче, добро, ако не, доста е и тоа што е внатре).
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Беше необична заради тоа што знаеше од сите риби да скока највисоко над водата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Од тоа што го видов ми се заврте.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе го правиш тоа што го прават и тие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дедо, дали од вчудовиденост или од гнасење, подолго молчеше и мене ми се чинеше дека тоа што го доживеа тешко му беше да го преџвака.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)