тоа (зам.) - еден (прид.)

Хегел виде во тоа еден од недостатоците на идеализмот.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Беше тоа една компликувана завршница со два коња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше тоа еден простран, светол сон, во кој целиот негов живот како да се протегаше пред него, како пејзаж во летно попладне по дожд.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше тоа еден вид игра. Тие се држеа за раце кренати високо за да те пропуштат да поминеш и кога ќе стигнеа до „еве еден џелат да ти го скине вратот“ ги спуштаа рацете и те запираа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше тоа еден од оние моменти на помирување, кога упорниот глад во стомакот беше заборавен и кога неговата некогашна љубов беше привремено одново оживеана.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше тоа една речиси безимена човечка протоплазма која се поместуваше низ оган и крв од Исток кон Запад, но оставајќи големи траги и врз источната и западната цивилизација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
При секое влегување во даскалницата, Петрета го наоѓавме со камена плоча на скутот како ја глода со тоа едно максуз направено чеканче за кошање камен.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Она што всушност ме одби од Луција таа вечер беше едно ситно движење на нејзините нозе, едно сосема беспрекорно, технички изведено поместување на нејзините колкови, со кое таа ме привлече кон себе, ме зароби, и јас се најдов токму на местото каде што треба да биде маж кога спие со жена; беше тоа една совршена технологија на водење љубов, нешто што за искусниот маж е вистинска посластица, кога ќе го сретне кај некоја жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беа тоа едни големи фишеци, полни со црн барут и со една затка мечкин лој меѓу барутот и зрното, направено од чисто олово.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа еден од оние ситни ѕидари, кои никогаш не се одделуват од чекичот, мистријата, висакот и поличето, и на кои тоа никогаш не било во состојба да им донесе многу, сѐ до еден ден, кога...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа едно многу добро, многу младо и многу пргаво јарче, ги имаше сите убавини на својот род и човек можеше само да го сака и да му се љубува на тоа како изгледаше, како порастено на оној врв, а и на сите негови инстинкти, но во следниот миг беше веќе доцна за сѐ друго, што можеше да се обиде да стори тоа со своите итри нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ех, мили деца! Ви велам, што беше тоа една касапница- ...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)