тоа (зам.) - прв (прид.)

Кој ќе го направи тоа прв? Нема ли да се излаже ако го направи?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа прв пат му се случи кога Рози го презеде од Кети пакувањето на кутиите за ручек.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Да не беше тоа прва наша средба и да го имав запознато Игбал така како што сега го познавам, сигурно ќе го замолев да ми објасни подетално што се тоа западњаци и источни цивилизации, ама таа ноќ, тогаш, не сакав да помисли дека сум незнајко, па решив утредента да го прашам брат ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)