тоа (зам.) - па (сврз.)

Толку зборови за него а од него ни глас, ни абер: каде се наоѓа, што се стори? Зар дома се врати?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали момчето, откако е дојдено, се распрашувало за некои луѓе од градот?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа па тоа, го вели, го повторува, а мене ништо не ме прашува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Доста де! - викна дури налутено Рангел. - Сѐ тоа па тоа. Сите таму ќе појдеме, што ти се чини!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Заспи, разбуди се: тоа па тоа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа па тоа: „Кога било дојдено момчето? Дали дружело со некого? Со кого? За што зборувале?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)