тој (зам.) - земе (гл.)

Ерген и мома се лажат само преку „кодош": тој зема од едниот еден предмет, му го дава на другиот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Богатин го донесе виното, полна кофа, и тој зеде да пие.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој зеде в раце оружја огнодишни, а в уста стегајки остар јатаган.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Кога, еднаш, во паркот, му рече дека Иван е лекар, тој зеде шепа земја и ја наполни големата уста. „Зошто го стори тоа?“ се иплаши таа држејќи ги неговите раце. „Пијан си, немој...“ Ја погледна и се наведна. „Не, тоа, го сторив за да не прснам од смеа.“ А кога и рече за некој свој пријател лекар што некоја Марија го оставила, кога и рече дека тој бил највеличествената болка на светот, му ги пушти рацете.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од старата црква тој зеде два камена што беа на предната страна на старото црквиче.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Затоа тој зел сокови од плодовите на сите дрвја и ги ставил во плодот на смоквата за да има најубав мирис и вкус...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој зеде пешкир и почна да го брише горниот дел на барот, што беше направен од махагони.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој зеде едно од пиленцата и го стави во раката на Рози.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И знам дека и тој зеде карта за Скопје. За „нагоре“. Ај мајката, си реков.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За Скопје, му велам. И тој агентот и тој зеде карта.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А тој зеде да се оградува. Ѕидаше од отворената страна кон ридот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој зеде една ќесичка и во неа стави неколку бонбони.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Тоа не се вели дека тој зема, туку ти му даваш.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Одеднаш дојде санитерот, но не забележа ништо туку и тој зеде да ѝ ги натопи усните.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Нашите му поверуваа и тој зеде еден митролез, цело време пукаше и се покажа како голем борец.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но бидејќи татко ми многу згреши, реши веќе да не ни се меша нам, на неговите деца, и на сите ни велеше: Тој што го сакате, тој земете го, ако сака и Ѓуптин нека е, само утре да не се жалите кај мене.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И реков: Елице, ако пиеш вода ќе умреш.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Остана само еден кој ни покажа некаков документ, божем работел за нас и бил доктор.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)