тој (зам.) - извади (гл.)

Тој извади од џеб зрна суво грозје и ми ги подаде на дланка но со таква бавност како да сум птица што може да му избега и да го остави бескрајно молчалив и осамен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Станав и јас, со задоцнување сокривајќи ја Мечкојадовата шарена торба зад грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој извади тутунќесе, од весник скина парче хартија, свитка цигара и запали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој извади од џеб два камена изврзани со коноп и со шарена минерска врвка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тој извади една цигара од стутканата кутија насловена со „ Цигари Победа“ и невнимателно ја држеше исправено, така што тутунот испадна на подот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)