тој (зам.) - истакне (гл.)

Како потврда на ова тој истакнува дека во текот на подготовките за размена на затворениците во октомври, само 33 германски затвореници од вкупно 400 изразиле подготвеност да се вратат назад кај Германците.160 За време на офанзивата можел непосредно да се запознае и со економската ситуација кога кн крајот на јуни поминувал низ Источна Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Решението на тој проблем, истакнал во интервјуто Смодлака, е „да ѝ се даде на Македонија целосна автономија во федералната држава, со што би се ставил крај на југословенско-бугарскиот раздор“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од своја страна, бугарскиот министер за надворешни работи одговорил дека со таквата политика САД сакаат само „да ја продолжат војната“, но американскиот претставник одговорил многу јасно, потенцирајќи дека „Америка не можела да си го дозволи поразот на Англија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во однос на силите на НОВ и ПОЈ, тој истакнал дека нивниот број изнесувал 20-25.000 луѓе.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Правејќи осврт на односите меѓу Бугарија и Југославија низ историјата, тој истакнал дека дотогашниот раскол, т.е. „јаболко на раздорот меѓу Југославија и Бугарија, беше статусот на Македонија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Јас лично поминав низ македонската територија која се наоѓа во рамките на бугарската држава.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓу другото, тој истакнал дека САД во војната ќе ги поддржуваат Велика Британија и сите држави што ќе застанат на нејзина страна и ќе ги вложат сите воени напори и ќе направат сѐ „Англија да не ја загуби војната“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кардељ се осврнал на "својата неодамнешна посета на Скопје", при што истакнал дека Македонците "се како и сите млади луѓе, брзи и премногу ревносни во формирањето на нивната влада" и дека "неговата основна цел за време на посетата била да ја забави нивната брзина и да ги олади".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, во првата половина на март 1944 година, американскиот печат го пренел на своите страници писмото на Националниот комитет на ослободувањето на Југославија, упатено до министерот за финансии Хенри Моргентау, во кое се барало да не се дозволува вадење на нејзините депозити што се наоѓале во Државната благајна на САД во каков било износ и од чија и да е страна, без согласност на Националниот комитет на ослободувањето на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во однос на воените сили на Дража Михаиловиќ, тој истакнал дека нивниот број изнесувал "35-45.000 луѓе кои, по сојузничкото истоварување, би можеле да мобилизираат најмалку 400.000 способни за борба".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нашата Влада (се однесува на НКОЈ, б.м.) не е признаена.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според него, првиот проблем на Бугарија е да "ја ослободи земјата од нацистите", потоа тие сили би "вршеле други работи, кои се многу поважни".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Она што особено го потенцирал од излагањето на Темпо е дека тој истакнал дека "желба на цела Македонија е да се обедини во една федерална држава во рамките на федеративна Југославија", поткрепувајќи го тоа и со искажувањето дека самиот лично поминал: "низ македонската територија, која се наоѓа во рамките на грчката држава.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Едновремено, пред членовите на делегацијата, тој истакнал дека е потребно сојузничките влади официјално да му дадат охрабрување на Јосип Броз Тито, бидејќи "герилската армија (се однесува на НОВ и ПО на Југославија, б.м.) претставува сериозен проблем за нацистичките сили на Балканот и во Италија", а уште повеќе "заради неговата способност да ги обедини различните политички групи во Југославија", што претставувало, според Ла Гвардија, "најдраматична работа во целата војна".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓу другото, тој истакнува дека разговорал со Едвард Кардељ, "еден од најдоверливите политички советници на Тито".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓу другото, тој истакнал дека "народното движење го прави полесно решавањето на прашањето за границите" и дека "бугарските фашисти му направија голема штета на грчкото население".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На крајот од интервјуто, на прашањето за можностите за политичко признавање на АВНОЈ, тој истакнал дека "во сегашниот момент сите три Влади одржуваат односи со Владата во емиграција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Известувачот нагласува дека тоа, според Влахов, било кршење на „принципите на националното самоопределување и принципите на Атлантската повелба“ и дека тој, „во името на македонскиот народ“, кого го претставувал, најенергично протестира против изјавата на грчкиот Претседател на владата како „целосно неоснована“, а исто така протестира и „против угнетувањето и насилството на македонските антифашисти во Егејска Македонија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но таквиот обид на Константин Фотиќ и на Борислав Тодоровиќ за повторно актуелизирање на генералот Дража Михаиловиќ во САД повеќе немал никаква основа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тој контекст се цитира текстот на Влахов каде што тој истакнува дека "Вардарска Македонија, која влезе како федерална единица во новата федерација, демократска Југославија, како и Пиринска Македонија, во рамките на, сега, демократска Бугарија, не само што не ги загрозува безбедноста и интересите на Грција, напротив, таа подава широко отворени раце за соработка кон сите мирољубиви демократски народи".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
г) Тој истакна дека има мошна добра соработка со Собранието на општината: засилено се работи врз изготвување на регистарот на загадувачите на подземните и надземните води и на аерозагадувачите во градот и околината.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Истакнувајќи дека за нив и за биосветот на Езерото ќе зборува Горски, тој истакна: - Нашата Партија мисли секогаш дијалектички, интегрално и материјалистички во поединости.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)