тој (зам.) - лежи (гл.)

Тој лежеше во прегратката на Славчо и предеше. - Хр-р, вр-р, хр-р, вр-р-р.., Ете, мачорот Сурко за предење го биваше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Во топлите летни вечери, кога низ отворениот прозорец навлегуваа стотина миризби на тивката летна ноќ, тој лежеше на своето креветче и гледаше во ѕвездите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тој лежи смирен и силен и го чувствува нејзиното присуство крај себе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Миг. Мека опуштеност. Леснина на птица лебдее над топлиот кревет.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не приоѓајте му, Тој лежи скаменет на крстот што е направен нагоре: од јагленосаната молитва на селаните што се издига до небото и попреку: од трагите на ластовичката што прелетува преку нивниот темен глас.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но тој лежеше со раширени раце како да си го мери гробот. Снегулките што му го покриваа не се топеа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но тој лежеше со раширени раце како да си го мери гробот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој лежи сам, мајка му е на работа, татко му е на работа, а баба му го готви ручекот во кујната.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тој лежи, а до него кучето, Чако, квичи, завива, гребе со ноктите, копа земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А тој лежеше и чувствуваше дека таа страшна, изветвена шега се остварува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)