тој (зам.) - почне (гл.)

И тој почна божем со чудење колку е зол светот и грди луѓето, та зборуваат најгнасни работи, што еве тој, како добронамерен и пријателски настроен човек, демек, ќе ти ги кажел.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Седев спрема него, и тој почна да си ја отвора душата и, некако повеќе за себе, отколку за мене, ми велеше: - Ми се здодеа оваа печалба.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сиромашен студент, свикнат со секидневно мизерување, тој почна да ги сеќава благата на животот баш преку шахот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Стариот забележимо омекна спрема своите квартиранти Навечер тој почна да ги вика и нив да се постоплуваат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И тој почна да му го расправа на Милета оној настан од есеноска, со затворот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На секоа куќа по една, ако не на секој маж! — викаше Толе вечерта во една од селските куќи, откако оформи и тука комитет за своја сметка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама понатака не можиш да а тераш сам. — Оти да не можа? — го прекина Толе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пораскоси наоколу и го виде целиот скелет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но Толе сега имаше друга цел и тој почна да си го кажува алот зошто оди по планините.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како самороден војвода со неограничена од никого власт, тој почна и да заповеда заканително.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И тој почна: — Толе, ти си наш човек, мариовец, наруден човек, јунак си и веќе прочуен не само наше Мариово, ами и по Прилепцко — Битолцко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И така си е.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мавна еднаш, уште еднаш, на третиот пат косата му се закачи во нешто и тој почна да тегне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Малку по малку Јован го воведе Толета во. разговорите и тој почна сериозно да се занимава со таа мисла — слободата на Македонија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но кога тој почна да ги каса посетителите и во Стокхолм организаторите беа толку шокирани што самите повикаа полиција!
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тешки спомени како брзи птици раширија крила, навреа и закопаа во душата на стариот мајстор и тој почна да трепери од возбуда.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Очите на старецот одеднаш заблеснаа од радост и тој почна одново, брзо и возбудено да говори: - Послушајте, послушајте!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога завршив, а бев немоќен да ја нарушам неговата тишина, тој почна полека да станува од фотелјата. Тешко се исправаше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
“Ако господ и создал нешто подобро, го задржал за себе”, зборуваше Морнарот, пропусната моќ му се смалуваше по дваесет пилули. (Парчињата од убиства бавно паѓаат, како опални струготини низ глицерин).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Охрабрен од почетниот успех, тој почна да сече сѐ пред себе: “Цовецко тело пуно непотрепни телофи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа негова немоќ да продре подалеку од стварноста во која живеат луѓето во него предизвика таква тензија поради која тој почна да станува раздразлив, додека таа во тоа време почнуваше да дејствува сѐ посмирено и постабилно.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сега, кога се досети, тој почна да се присетува на почетоците чии пориви сигурно беа длабоко скриени дури и од нејзиното сопствено сознание.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мислата му отиде кај Боб и тој почна да истражува во своето срце и во него не најде омраза или огорченост кон него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мачорот удобно се смести кај него, со брадата му го милуваше вратот и, цвилејќи искрено, тој почна да му зборува.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Токму сега тој почна да удира, а звуците беа некако далечно траурни, како биење на пукната селска камбана.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сега тој почна да ѝ зборува на Рози онака како кога се зборува со дете, кое за негово добро мора да прифати нешто, што според својата логика, не може да го разбере.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И по некое небесно чудо, некои дополнителни чувства, што биле скриени во него, одеднаш, брзо почнале да дејствуваат и тој почнал да ги гледа и да ги чувствува нештата што тој порано ги одбивал.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа ги бришеше очите полни со солзи-радосници кога тој почна секое утро да излегува, облечен со костум, на новиот велосипед за да ги учи децата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога се пресели во дневната соба, тој почна поретко да се врти дома.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Остави ми нешто“, му рече таа и тој почна да го вади синџирчето од вратот, кога таа се наведна и го бакна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Откако неговиот пријател, еден од подобрите вокали што ги познаваше, замина да работи во фабрика за производство на капачиња за тегли во Австралија, тој почна да ги чита Петре М. Андреевски, Живко Чинго и Ацо Шопов.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Не тоа“, му рече.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во тоа неспокојство, во тие тажни моменти, се замеша и друга несреќа: една ноќ Маруш излета со пушката во дворот, припука по некого, а утредента му забрани на Висар да излегува од куќата надвор, а тој почна со пушката да врти околу куќата и да стражари.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И додека се грееше на својот оган, што се загнездуваше добро на неговата бука, дури и потплуснувајќи исто онака весело и пријателски, како дома, тој почна и да разговара со својот сосед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога мислеше дека ќе има доста вода за едно такво ситно животинче, тој почна да се спрема за пат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оние сега ги запалија своите цигари, а тој почна да се плаши од тоа Претседателот да не почне со она свое проклето зборување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Многу бргу ги огреало сонце и тој почнал да ора со трактор во Лозарството, а таа да мете во шталите по цел ден, иако тоа од неа никој не го барал, ама бадијала не се седи. Сакале да ѝ платат... во млеко.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Додека растеше борот, дедо му се грижеше за него, а кога порасна Богдан, тој почна да го вади во сушно време и да окопува и чисти од треви и трње. Го одгледуваше со љубов.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сакајќи да ѝ остане во сеќавање овој посебен ден во нивниот живот, тој почнува да пее песна за неа, на што таа се надоврзува и завршуваат во дует: „Ох, љубовта е толку слатка напролет, кога две срца пеат во мај....мила, мила, мила, ќе ме сакаш ли некогаш?
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тој почна да зборува за него со карактеристична сериозна учтивост, со која се разликуваше од мнозинството членови на Внатрешната партија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој почна да ги запишува мислите што му доаѓаа на ум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако човек е регуларен посетител на кинески ресторани тој почнува да мисли за колачињава повеќе како на носачи на порака отколку како на слатки.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И секогаш кога ќе ја одвртам музиката, тој почнува да скока и тогаш почнува да ми паѓа малтер од плафонот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Уште другиот ден, тој почна да работи на монтирање на машините.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И тој почна да си ја подгрева мислата: „Ако можа овде да презимуам, арно ќе направа".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Хи, хи, хи! — се слушна придушен смев. — Сето тоа што ќе ми го кажеш? — се ослободи таа, бидејќи тој почна, та забуната негова и ја поолесни нејзината положба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На сето ова Митра се лутеше, ако не отворено, оно потајно се ладеше спрема него, а тој почна тоа инстинктивно да го чувствува.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јаким налутен што судот пресуди во полза на Лиќо, започна и тој сега да ѕида уште еден кат на својата куќа, и сега тој почна да му го затвора светлото на прозорците од Лиќо; сега Лиќо зафати да го тужи Јакима и да го спречува да го изгради катот; започнаа одново да доаѓаат комисии, вешти лица од судот, да прават скици, записници, да даваат мислења; се редеа судски решенија, жалби, тужби; времето одминуваше а есенските дождови почнаа да му ги ронат ѕидовите на изградениот кат на Јаким; и тој нечекајќи дефинитивна одлука на второстепениот суд, зафати да го покрива; Лиќо се обиде со сила за го спречи, започна тепање меѓу нив во кое се вмешаа и нивните жени и нивните синови: Танаил и Китан. во тепачката дојде до пукање и Лиќо го отепа Јакима.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таа ги навали очите и почна да му раскажува како пред три дена тој дошол да ѝ држи епитимија, таа лежела гола во постелата; тој се наведнал да ја покрие со веленцето, а таа се поткренала, го фатила со рацете за вратот и го привлекла кон себе; тој почнал да се трга, да се напиња, да се исправа, но нејзиното тргање било посилно и тој клекнал на колена крај неа, а потоа се наведнал над неа допирајќи ѝ ги градите со брадата; таа од влакната почувствувала скокот и возбудливи трпки по кожата и уште посилно го привлекла влечејќи му ја главата кон своето лице.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Влезе во келијата како и другпат да ѝ држи епитимија на Смилјанка; таа лежеше гола на постелата; кога ѝ пријде и кога го зеде веленцето да ја покрие, таа се покрена, го фати за рацете за вратот и го повлече кон себе; тој почна да се трга, да се опира, да се исправа, но нејзиното тргање беше посилно и тој клекна на колена крај неа, а потоа се наведна над неа допирајќи ѝ ги градите со брадата; таа од влакната почувствува скокот и возбудливи трпки по кожата и уште посилно го привлече влечејќи му ја главата кон своето лице.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога Господ го истерал нечистиот од рајот, тој почнал да ги наговара дрвјата да му пристапат...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потоа тој почна да излегува од скривалиштето во вечерните часови поради што јас го укорив на што тој исто така не обрна никакво внимание иако беше свесен дека може да не провали и нашата задача да биде неизвршена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој почна да ја рецитира: „Качамак, качамак, вчера јадев, денес пак! Ама уште што сум јак голтам топол качамак!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Така тој почна да тргува со маката на луѓето . . .
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тој почна да трча по градината, и за чудо – никој не свика по него, како кога сакаше да трча по улицата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тој почна да вика гласно, да мавта со рацете, да се загледува во секоја тревка – и пак никој не свика по него, ниту пак се обиде да му објасни дека и тоа не смее да се прави.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Само по неколку отсвирени ноти тој почна силно да вибрира, со едно гласно „бум” се распадна, и илјадници мали парчиња ја прекрија целата соба.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Иако и овие трудови на Бауман предизвикаа значително интересирање на интелектуалната јавност, нивното влијание не може да се спореди со влијанието на Баумановите текстови настанати во доцните осумдесети кога тој почна да ги разгледува прашањата на модернитетот и постмодернитетот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Од овој последен период значајни се неговите дела: Законодавци и интерпретатори (1987), Слобода (1988), Модернитетот и холокаустот (1989), Модернитет и амбиваленција (1991).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Беше јасно дека пакувањето со мраз не го даде посакуваниот ефект, и се испостави, дека дежурната сестра која што требаше да му даде шише виски немала поим што значи шише виски во реалниот свет и му дала виски во болничко шишенце кое го испил во една голтка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не треба да ви кажам дека и плочата беше потполно растурена.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
При првиот рез со скалпелот тој почна да дивее, да вреска, и да се трга лево-десно.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Прегрме војната, Егејската бригада по борбите со балистите ја расформираа надвор од Гостивар, борците ги растурија по разни служби и тој почна во себе да мисли дека дојде време по македонската земја веќе да не се копаат нови гробови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога заврши војнaтa со Германците, тој почна да праќа пакети.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со глас во кој во кој трепереше некоја скришна тага, тој почна да им ја расправа жалната историја на луѓето од овој крај: Не ни требаат ни риби, ни ништо од оваа страшилиште.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И тој почна да вика. Ти си ова. Ти си она.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Откако убаво ја раскопа земјата тој почна да размислува и за буквите па од сета азбука ги избра само Р и У, ги запрета в земи а тие таму се испреплетоа и врзаа густо корење.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Откако извиши стебленцето тој почна со жиличките на Ж да плете мрежичка за главчето на цветот.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Потоа тој почна да доаѓа често, некаде еднаш на три дена.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Случајно таму се најде брат му на убиениот и тој почна да вика: Абре, луѓе, ова е брат ми! и почна да плаче.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Неговите пријатели почнаа да бараат да се открие телото.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Стрина ми му кажа дека сум постела тримери, а тој почна да вика: Кој ти дозволил таа глупост да ја правиш, тоа се правело порано, и го правеле тие што имале грешки во животот и сакале да им се простат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас не сакав, а тој почна полека да ми вика зашто сум му се спротивставувала.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој почна првин да го отпоздравува: потем погледа во небото и рече колку е убав денот: па го праша за домашните и неговото здравје: па за ова, па за она, па најпосле му влезе во писарската одаја и го праша вистина ли е тој толку близок со мутесарифот Абдула-бег како што зборува чаршијата, и не е лошо да знае и за него, му рече, дека церибашата Осман-ага му е брат од чичко, а дервишот пак Керим, сигурно чул за него, му е асли роден брат, од иста мајка и од ист татко, и тој сега живее во маалата на дервишите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)