тој (зам.) - треба (гл.)

- Пред сè, - рече Гоце, - тој треба да земе обврска дека тајно ќе ја чува нашата работа и ќе работи како што работиме ние.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ако треба и ќе се заколнам? - рече Даме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Рајт докажуваше дека услов за убедливоста на кој и да е аргумент против приватниот јазик е дека тој треба да ја допушти контингентната приватност, бидејќи во спротивно, како што истакнува тој, ќе се тврди далеку повеќе, и ние не ќе бидеме способни да најдеме смисла во она што го прави некој Робинзон кој, на пример, самиот се учи да игра со Рубикова коцка исфрлена на неговата плажа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сè што се бара за она што тој го употребува да биде јазик, е тој да може да биде споделен од страна на другите. (Тука не ги земаме предвид сосем тривијалните примери на „приватни јазици” кој, како кодот на Пепи, се само шифрирани јавни јазици.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Новата градба од камен ги има пропорциите на Арката, и тој треба да биде цврст и конечен дом за неа и за Севишниот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го влече едно чувство на родител да го стори тоа, да ја посоветува дека не е злато сѐ што свети, да ѝ каже да се пази од оваа разуздена младеж, - тој треба да ѝ каже, зашто сегашниве родители се толку лекомислени и толку незагрижени за челадта.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Соколе се свиткува на столот, погледува загубено наоколу - сите знаат, но тој треба сепак нешто да одговори: - Не си при себе денеска, - му вели на Боцета.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Однекаде се довлечка пак кметскиот. Тој треба да ги обиколуваше крчмите по службен долг.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој требаше допрва на себе да сети дека вистинската љубов гони кон дело, и лага е дека е вистинска онаа љубов што ќе остане за сите скриена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но попусто отидоа сите тие негови следења и тој требаше да заклучи дека нема ништо да му донесе случајот, ами треба да се дејствува смислено.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Според добиената наредба на Генералштабот на Кралската југосовенска војска тој требало да формира четнички вооружени одреди, што ќе ги употреби за одбрана на земјата во време на војна.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тој треба да плати. Само тој. (долго молчење) Никој не му нареди да убие.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И тој требаше да остане блефер...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сега останете каде што сте, народе, следува чудото!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој требаше да го задушува гласот на срцето и да се совладува за да не избрза устата да го каже зборот, вистинскиот збор, што му кипеше во градите...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Племињата Arapaho и Kiowa: убав и мрзелив младич не сака да се буди рано наутро; да може да спие колку сака тој треба да убие неколку канибали со лисеста (црвена) боја на косата; на сцена повторно стапуваат магичните помошници со чија помош младичот ги убива канибалите и сега е слободен да спие до доцна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во поглед, пак, на договорот за вработување дојде до неколкукратни измени на членовите кои ја регулираат оваа материја, поголемиот дел повторно на штета на работниците. а) со новелата од септември 2010 година дојде до интервенција во чл. 13 од ЗРО кој ја опфаќа обврската на работодавачот кога тој треба да го пријави работникот во Агенцијата за вработување на РМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
- Не, не сакам! - рече Сашо. Тој знаеше дека и во оваа игра тој треба да биде јагне и затоа не сакаше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Врвот на Тумбица веќе е како избричен, а на Брчалото му се ближи времето кога, како што самиот предложи, тој требаше да земе едно запалено кандило од црквата Свети Архангел Михаил и да го однесе на Тумбица, да го постави на место каде што ќе се подигне една христијанска и една католичка црква за да имаат каде да се прекрстат и брезничани за својата среќа и сите што со своите чопери ќе слетуваат на Тумбица со џебовите полни долари.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Ако му требам“, прекорно Севда си рече самата на себе, „тој треба да ме најде, а не јас да го барам“, си рече и го продолжи по патот право нагоре низ орманот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И да не заборавам да ти речам дека навистина знам оти со еден обичен збор ниту можеме да го запреме ниту пак би можеле да го продолжиме текот на настаните".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го правиме заради животот бидејќи тој треба да се почитува барем додека не заврши.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мелодрамата е камп само кога поимот „мелодрама“ не се користи исклучиво како критикување, само кога неговиот погрден полнеж се расејува и се споделува – со други зборови, кога ветвата етикета „мелодраматичен“, истовремено и абјектен и гламурозен, се прифаќа и се користи за себеси.309 ‌Инаку, кога поимот „мелодрама“ се користи конвенционално како атрибут со кој се принесува жртвено јагне, тој дејствува како омаловажување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа нужно подразбира доброволно, општествено вклучувачко учество во недостоинствените задоволства на мелодраматичната изведба – задоволства што произлегуваат и од силните емоционални полнежи и од нејзината самопоништувачка театралност, од нејзината сериозност, како и од нејзиниот неуспех.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо тоа, дејствува според општествената логика на одредницата „кич“ – како средство за погрда.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога на жанрот се упатува погрдно и кога тој треба да послужи како дисквалификација, како назив за долна естетска категорија, мелодрамата веќе не важи за камп.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, сеедно, и така тој требало да загине.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По експедирањето на динамитот за Кочани, тој требало да се врати во Солун, но тоа морал да го стори под туѓо име.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Штом си има место националниот сепаратизам, тогаш тој треба да се пројави во милоста кон сѐ што е народно и на прво место во милоста кон народниот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Откако ќе го сврши тој своето образование во Србија, каде тој треба да оди: во Бугарија или во Македонија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега тој требаше да признае, и пред светот и пред себе, дека е поразен.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Градоначалникот е обврзан да има чист глас, што надалеку се слуша; тој треба да памети дека белите дробови на градоначалникот се создадени за издавање наредби.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таквиот изглед за потчинетите е мошне пријатен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа беа врвовите од крошните на највисоките буки, со кои беше обрастена сета таа угорница, која тој требаше да ја искачува целиот иден ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Секој дошол во животот со некое свое барање и тој треба да го најде и да го задоволи она што е потребно или да не се согласува со она што постои.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Според плановите на Рада тој требаше да биде кумот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Авни ѝ кажа на Азра дека жените (ноќта тој требаше да помогне во нивното регрутирање за испраќање во странство и за давање услуги според договорот со Друштвото “Осамени срца”) веќе ги пренесол со комбето уште пред да падне мракот и дека тие чекаат во ресторанот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој треба да живее во постојан набој на омраза спрема наворешните непријатели и внатрешните предавници, на триумф поради победите и на самоомаловажување пред моќта и мудроста на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се присетуваше и на други работи кога таа го тепаше и затвораше без јадење; се потсетуваше и сè повеќе чувствуваше одбивност и омраза кон неа. XXVI Богуле секој ден сè повеќе се оттуѓуваше од мајка си; гледаше што помалку време да е дома, што помалку да се сретнува со неа; и што и да го прашуваше таа, тој молчеше ништо не и одговараше; се обидуваше таа и со убаво и со благи зборови да го скроти, да го смири, да му каже дека само него го има на светот, дека тој ѝ е најмил од сè, дека тој е главата на куќата, дека тој е домаќинот, дека тој треба да ја преземе сега грижата околу имотот; го чекаше за јадење, и за ручек и за вечера, но тој не јадеше со неа; му оставаше напишано на ливче каде се наоѓа на работа, на која нива или ливада, да појде и тој да ѝ помогне во работата, но тој не одеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
ЉУБА: Јас те предупредував, дека по сеансата тој треба веднаш да си оди дома, а не да игра фудбал.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
За сите ужасни работи што тој требаше да ги спречи, а не го стори тоа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Работата беше друга. Тој требаше да појде во училиштето пред Неда, за да може тој да ја дочека, а не таа него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога се сети дека сега веќе по негово Мариово фуртуните наближуваат, а тој треба пак да го дочека со ланското сакме и шајаче, косата му се наежи и ладна пот му го облеа челото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но никој друг и да сакаше да ја отвори портата не можеше, бидејќи клучевите беа кај поп Јакова и само тој требаше да ја отвори.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но за таа висока чест, тој требаше да му се оддолжи со нешто на својот покровител.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Секако, зборувајќи отворено, тој требаше да биде убиец и да се однесува така.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како да заврши,тој требаше да има некого кој му има бидено голем душман, некој катиљ човек.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го постигна тоа со тоа што неколкупати на најслабиот играч на масата до кого седеше со нокт му ја чукна картата што тој требаше да ја фрли.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Речиси сите мажи ги врзаа. - И ти уште Дорча ќе го гледаш? - Гревота е! И тој треба да јаде - се правдаше тој.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тогаш Царот му порачал на својот зет дека грижата за неговите деца отсега ја презема царската куќа а тој треба да се врати таму од каде што дошол.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
“И Бил Хендерсон, тој требаше да го истреска моторот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се отвораат вратите од становите. Излегуваат жителите на големата зграда и кога го гледаат петелот, помислуваат дека тој треба да се фати.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сета окупација ја помина како фотограф на окупатоторт.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој треба да дознае“, токму така рече и покажа кон тебе, „тој треба да узнае дека земјата не ни служи само за да ја газиме“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако требаше некого да го клаат в затвор, тој требаше да биде првиот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Со други зборови, се кладам дека Патнам (REF) го сметал системот за управување со абакусот како целина (без оглед дали движењата диригирани од правила ги прави човек или машина како дел од системот) - или ако не, тој требало да го смета.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
БОРИС: (Снимка.) „Хумор. Да. Јас сум хумор. А ти што си? Се мавташ по манастири, скрнавиш наши ора. Русинов мисли јас сум болен, а тој треба да си ги лечи бубрезите. Вечер со првиот воз да ве нема...“
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Русинов мисли јас сум болен, а тој треба да си ги лечи бубрезите.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Дали неговото нажалено лице му го отвора патот по кој тој треба да се приближи до својот сон? Рибарот поголтна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Веќе падна мракот додека гавазот и Бошко, со мртвото тело преку своето седло, се прибраа во градот, па валијата нареди покојникот да ја преседи ноќта во куќата, иако според муслиманските обичаи тој требаше што поскоро да биде закопан.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)