тој (зам.) - шета (гл.)

Секој ден, по цел ден, тој шеташе во градскиот парк и хранеше гулаби со трошки леб.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
На ист начин ги следам и размислите што ќе уследат во моментите кога Даскалов ќе се оддалечи, бидејќи неговиот глас останува покрај мене и додека тој шета.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам дека слушнав кога рече додека влегуваше во собата, (или само ми се причини дека слушнав), "другарот Ѓурчин", рече Даскалов, "веројатно не ќе ја искористел онаа темна ноќ и осаменоста на жената-девојка за да го стори она што се случило.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Уште на почетокот, кога во однесувањето на госпоѓа Мариела, при честите службени контакти, го проѕре кај неа чувството на наклонетост кон себе, Богдан не можеше да си објасни дали тоа беше резултат на своето, со оглед на годините (тој од госпоѓа Мариела беше помлад дванаесет години) нагласено љубопитство (ако тоа се читаше од погледите со кои тој шеташе по нејзиното високо, видно потполнето, со нагласени облини, но складно тело) или на решеноста на оваа жена со својот порив да направи баланс меѓу срцето и разумот и отсуството на сопруг за нормален живот да го надополни со разуздан одговор на страста која ја поседуваше и заради која еден млад човек беше подготвен да им се подреди на сите нејзини желби.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)