тој (зам.) - кој (зам.)

На тој кој ги шири тие гласини му порачувам малку да запре!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За мене се зборуваше дека сум претседател на клубот на самоубијците, па од некои кретени бев обвинет за некакви ритуални печења на бебиња во рерни!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој кој стоеше на чело на масите што присуствуваа на мојата егзекуција пред конечно да згаснам, ми се поклони со насмевка и ми ја покажа својата дланка во која што му блесна златен долар – идеологот на нашата иднина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тој, кој беше пред сите во херојската татковинска задача на протерување на српските дојденци, натрапници, тие опинчари и „шиљоглавци“, тој кој најдлабоко засекуваше кога од здравото, европско, католичко, илјадагодишно хрватство требаше да се отстрани туѓото тело на балканскиот примитивизам олицетворено во српското малцинство, се најде во улогата на својата жртва.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тоа е во „ВЕЧНАТА БЕСКОНЕЧНАТА“ и во прашањето што си го поставува „дишењето низ окарината“, „лулеењето на тишината“ „разговара со планината“ и погоре од сѐ и над сѐ е Тој Кој, таа вечна загатка на виорот „погоре од Манастирот?“ погоре од земјите совршенства.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
“12 Несомнено, доколку таквиот план би се остварил и би се проширил би можел успешно да му се спротивстави на обидот на Германија да ја држи “Европа во целосна потчинетост и воспоставувањето на новиот поредок би било скоро невозможно“.13 Тие биле свесни дека народот е тој кој “еден ден ќе претставува тајна армија и сите активности кои се насочени кон разбирање на тоа се активности на СОЕ, јасно одделени од воените операции, кои се преземаат од сојузничките трупи без помош на домашното население“.14 Реализирањето на сето тоа, сметале тие, било можно единствено ако се помогне некоја партија или група чија внатрешна програма му давала извесне надеж на народот дека нивните природни потреби за поголема економска сигурност, социјална правда и реформа еден ден ќе се остварат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
За да биде парадоксот уште поголем, тој знаеше дека кога би имал да поживее уште доволно долго време, нивните односи би биле обратни: господинот Гроздановски би бил тој кој би му ги потокмувал влечките на кучето пред спиење.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Драги мој! Верувам дека е рајот нешто пријатно, но сметам дека благонаклоноста на народот не е нешто помалку сакано и дека не се мами тој кој се жртвува за неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Главата ќе му ја симнам од раменици на тој кој ќе помисли такво нешто!“ рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ти си тој кој со својот труд ќе изградиш свое среќно царство.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во суштина возот беше тој кој што се движеше а сѐ си беше неподвижно и на свое место – куќите, ливадите, планините... но го имав обратното чувство.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Се запрашував како да живеам без него, Тој кој во мене ги пробуди сите чувства, тој кој за кратко ме направи толку среќна.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Таа разговараше со Оливие, поточно Оливие беше тој кој што молчеше а Изабел викаше на сет глас.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И ни праќаа писма во кои ни пишуваа дека ги растурија низ цела Бугарија и дека тој кој нема да потпише изјава дека не е Бугарин, тешко дека ќе добие стан и работа што прилега на неговата професија и образование.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој кој целиот живот ја газеше и ја лазеше земјата, тој кој целиот живот беше врзан за неа и со табаните и со душата, одеднаш светна и летна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Черчил ми рече дека сум фаца, ама тешко на тој кој ќе си фати работа со мене.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Куче едно, ќе му ја скинав главата да видеше тој кој е кир Ристаќи!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Јас бев тој кој ѝ ги даде првите лекции за љубовта. Нѝ беше убаво, но помина“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Томо беше тој кој редовно ја смируваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но јас сум тој кој ја замислува и ја знае таа тежина, а Борко сега, најпосле, си е мирен.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во стариот закон работодавецот беше тој кој беше должен да обезбеди обука за безбедна работа на работникот (чл. 25, ЗЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Негде при крајот на месечевата ноќ Пеперутката втрча во мојата соба и водена од насмевката на возбудата долго раскажуваше за некое чудесно лелеење во воздухот што самата таа го чувствувала; ми ја објаснуваше состојбата на привидното летање во кое и сега се наоѓала а од кое произлегувала и оваа нејзина воодушевеност: - Виде - прашуваше таа а лицето ѝ гореше - виде колку високо се качив? Дури меѓу ѕвездите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И веројатно сум бил насмејан во моментите додека во сонот заклучував дека јас треба да бидам тој кој ќе ѝ помогне на Загорка Пеперутката да полета.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Вие бевте тој кој молеше да ги заборавиме тие траги и несреќниот случај!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но човекот е сепак тој кој управува со својот живот но и со животот на сите суштества што го придружуваат. Дај боже да грешам!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зар знае тој дали сторил нешто и зошто го сторил тоа? Ако воопшто нешто сторил!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да ги заборавиме искрвавените раце на оној невин убиец. Токму така ми рековте: Тој е невин, Семјон Иванович!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тогаш јас останувам тука, ќе страдам ли повеќе?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
-Кој страда повеќе, тој кој останува?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А што е тој, кој ја произвел, тој, кој ја пакува, тој кој ја чува добро подмачкана, тој кој издава наредби?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Жената се сврте за да го види тој кој праша дали ќе има Грци.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да го пуштам по вода тој кој плука крв?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Што му одговара неговиот татко на ваквите прашања, тој кој умее да чита од ѕвездите и да ги советува луѓето, откривајќи им чудни и чудесни тајни што малкумина ги знаат?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Господи, крај немаше на сите овие прашања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)