тој (зам.) - мене (зам.)

Зошто и јас да не го признаам, но проблемот е во тоа што тој мене нешто друго ми подметнува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Сега, - ми објаснува тој мене, - не е марифетот да го наполниш стомакот како што тоа го правеа сиромасите додека ти беше жив.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Божја работа е тоа, - ми вели тој мене, ми објаснува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Да не беше умрен, ќе знаеше, - ми вели тој мене.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Будала, - ми вели тој мене. – Тоа јас го знам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Се разбира дека сме сите таму, - ми вели тој мене.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Но, - се обидувам јас да се спротиставам. - Впрочем, - ми вели тој мене,- сето ова тебе ти оди во прилог.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Да, таму, - ми вели тој мене. – Не сфаќам во што е несогласувањето.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Ништо повкусно и похранливо, - ми вели тој мене.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мани го онака будалата, си велам и зборовите ми звучат како тој мене да ми го вели тоа што јас нему му го велам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Браво, - ми вели тој мене.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Остај го мојот кабает, - ми вели тој мене. – Јас на време се тргнав.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тој мене конечно ме прежале уште успеа да ме дупне кога ја делевме татковата стока.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Па сите ние знаеме дека таму одиме, - ми вели тој мене докажувајќи ми нешто што мене и ми било прилично познато.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тој мене ... „не сум бил во право, сум бил збунет, ќе ме лечел”...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Море, те фатив јас тебе во незнаење, лаик низаеден, тој мене ќе ми докажува работи.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тој мене таму не ме пушта. - Тогаш, молчиме и одиме.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Домаќинот мој сето тоа со свои очи го гледаше и, бидејќи не беше горделив и самбендисан како свекрва ми, Господи прости ми и тој мене вината не ми ја фрли та да земе да ме истера, туку и гревот и несреќата си ги делевме како да се колку на едниот толку и на другиот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И јас нему мана за тоа не му најдов, а и тој мене не ми најде.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Повеќе го сожалував, а сигурно и тој мене!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Може тој мене да ми го расипе!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А не оти го познавам за да го дочекам, но тој мене!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Мене заради брат ми... И тој е Калашњиков, само Фјодор, кога активистот нѐ попишуваше, тој мене ми го препиша дуќанот на брат ми.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нозете, заради кои дедо Васја пред смртта не можеше да стане - сега воопшто не го болеа, тој дури и седеше слободно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Потребен ми е тој мене.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Секогаш го милував Оплакувањто на Христа со што и тој мене милост ми возвраќаше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На професорот, покрај долгата, воодушевена рецензија, му обезбедив гланц ново авто, а тој мене лесен докторат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Реа, тој мене не ме ни допрел. Не вреди да ѝ објаснува.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Го гледам јас, ме гледа и тој мене. Се гледаме, си го подаваме срцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И не знам дали јас го усвоив него или тој мене, тој збор, тоа нешто, организер.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
ЉУБА: Да, тој мене безумно ме сакаше, со безумно безвезна љубов.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се сеќаваш, како тој мене секогаш ме нервираше и колку јас се лутев.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Их, пичка му мајчина на Вангел Русјаков, тој мене за шишето!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Знаеш, знаеш ми вели тој мене. И ми врза една преку очи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас му поверував иако сега мислам дека тој мене тогаш ме излажа колку да му се тргнам од патот со моето барање.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како бре? Ми вели тој мене. Така. Решено е, му велам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Покрај записот за тоа кога Панда Бранов партизаните изгледа веднаш по ослободувањето го затвориле, за авторот беше посебно интересен уште еден запис што гласеше: „Трајко Казиовски од Ливаѓе мене толку многу ме мрази зашто во бивша кога јас бев кмет во Брезница тој набра три товари дрва без платена такса и дозвола и кога шумарот ми го дотера овде во дворот ими ги растовари дрвата на чување и јас ништо не реков за шумарот да не му ги растоварува дрвата и тој мене затоа толку ме замрази зашто нема да друго за што.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога јас првпат нему му ја кажав мојата молба, односно го замолив да ми каже дали тоа што барам е возможно или не, тој мене тогаш ми рече: „Може“, ми рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ама бидејќи на времето ме местеше тој мене, сега дојде редот да го наместам јас него. Ти текнува?
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Другарите тоа го сметаат за опасно“, ми вели тој мене, на што веќе немам што да приговорам. Очигледно бев виновен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Иако јас на другарот Едо Бранов сум му бил верен како куче од денот кога тој мене ме зеде тука да работам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Готови се“, ми вели тој мене.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
МАНЕ: Може ме пцуе и тој мене.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Во тој луфт, тој циркуски неон и сега не се познава каде е мојот живот, мојата скриена фалинка не сум крив јас виновни се оние кои веруваа полесно ми беше да бидам неограничен во слободата да грешам, одошто да сакам ја имав секоја имајќи ја безличната жена, не груба, не глупа, не грда напросто ефемерна бришаниот простор ме плаши, не празниот ѕвездената прашинка која светка под папокот на мојата скокотлива куртизана, судбината мојот детски инат, залудното препознавање во сѐ што не сум јас зар не сум доволно смртен за да бидам и жив, и со себеси соочен зар јас ќе го напуштам светот не тој мене, мила моја!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Да не си ти, јас ќе се вратев, а тогаш би ме чекал тој мене...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Заклучи ја устата. И оди.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ама, нешто звукот не ми е убав, не ми е по ќејф, изгледа тој мене не ме сака. Во што ќе е марифетот, знаеш?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Еве, го видов, а и тој мене ме гледа – весело му се обрати таа. – Ме гледаш ли, бе, или да ги кренам ролетните?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Саше, Сашенце мој, не плачи, Бак се врати – викав јас истовремено, ама од неговите пискотници, толку силни и неутешни како некој близок да му умрел, и од викањето на Тета, тој мене не можеше да ме слушне.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се изнасмеавме сите четворица и се фрливме на играње бриџ.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, таа ме чу. - Каков Бак, што е тоа со Бак, за што зборуваш? – ми се сврте.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ме убеди тој мене еднаш кога требаше да се враќам дома од кај него, попатно така чисто да провериме што се случува со мене кај тој човекот кој, демек, чистел од зло и од црни магии.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не можам да кажам со сигурност колку ми згреши тој мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И тој мене ми наоѓаше мани.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Чудно е дека јас му го исплазив јазикот, му свирнав, а тој мене - бонбонче!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)