тој (зам.) - сиот (зам.)

А тој сето тоа го гледаше од зад завесата и се чудеше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кога завлегоа длабоко во пченките и кога тој сиот возбуден ја легна и таа почна да се слекува, од ципите па сѐ до папокот се откри густо црно крзно како од куна.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но Којо Пипиле не сакаше да чуе. Понекогаше лаежот и од сон го буди Богдана и тој сиот лут бесен останува буден до зори.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Му ветив дека насобраниот народ ќе вика Тито-Лазо, и тој сиот радосен се согласи да подготви драматургија за овој, би рекол најзначаен настан во повоената македонска историја.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Можеби самиот измислуваше. Но тој сето тоа го виде низ цепотината на иконата, брзо, во миг, и се исплаши, ја стисна иконата врз гради, падна на коленици.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со него и тебе ќе те благословам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш на игуменијата ѝ се причинило дека и од очите на тој Онисифор Мечкојад никнуваат влакненца, се кадрат и се замрсуваат, и дека е тој сиот едно големо клопче козина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нив ќе им беше полесно да се мачат една ноќ, отклку тој сиот живот со неомажена ќерка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во училиштето сите дознаа за оваа голема промена и тој сиот исполнет, за да ги скрши и другите бариери на неговиот неуспешен приватен живот, цврсто реши да си бара жена.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Знаете, братучед ми се омажи и сега треба да ми кажува за свадбата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој сиот се тресеше и возбудено објаснуваше дека морал да пука.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но штом татко ќе ги спомнеше козите, тој сиот ум го напрегнуваше да го разбере што подобро.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јасен е одговорот: тој сиот свој живот ѝ остана верен на мајка ѝ на Аксја, на својата Пелагија.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Добро, и тоа е храброст, ама од еден друг вид, иако јас, со својата женска памет просудувам дека таа Пелагија, во колку воопшто веќе постоеше, не заслужуваше такво однесување и толкава верност од негова страна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ја придвижи косачката. Тревата, што прскаше наоколу, меко паѓаше околу него; тој се внесуваше уживајќи и се чувствуваше како да е самиот тој сето човештво, капејќи се на крајот во свежите води на водоскокот на младоста.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)