тој (зам.) - грев (имн.)

Греј! Каков е тој греј? Море, гледај да не те репне некој со некоа ластегарка, та од греот нема да те болат ребрата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го послушав, зошто тој ми даде очи да го видам гревот, тој ми даде душа да го простам тој грев и на крај ми даде голема награда за да ги исполнам своите желби и да го живеам животот како што заслужувам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тој грев е гревот што го чувствува поради старите чевли што верно го служеле, а тој, по долго колебање, ги оставил во туѓина, затоа што си купил нови.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се наежив сиот, ја почувствував тежината нагревот и можноста за тој грев Господ да ме казни.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Само тој грев да не го направам, секавично помисли и во истиот момент виде како Лигушот со двете раце се пресегна да ја отвори фиоката од масата пред него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И знаев дека не бегав од љубопитно издолжените цевки на револверите туку од неа, од таа огромна гасеница, од тој грев“.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Потребата постојано да кажуваш вистина е примитивна. Писмен си. Поради тој грев Адам и Ева се истерани од рајот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во времето кога Турците сакаа да им ја наметнат на покорените народи својата вера, на поповите како најглавна задача им беше да ги одвратат своите верници, од тој грев.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И знаев дека не бегав од љубопитно издолжените цевки на револверите туку од неа, од таа огромна гасеница, од тој грев“.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)