тој (зам.) - договор (имн.)

Обединета Европа, сметал, би била партнер и со Русија и со Британскиот комонвелт во светскиот систем на заедничка безбедност.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тогаш веруваше дека оние што се согласија на тој договор беа готови дури и систематски, сосема ладнокрвно да убиваат, да ги ништат и своите за да го покријат срамот што им го донесоа на сите, па и нему.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Врз основа на тој договор Бугарите нападнаа на источниот дел на Балканскиот Полуостров, т.е. на Тракија а Србите на западниот, т.е. на сегашна Србија, Западна Бугарија и Македонија и малку по малку си ги разделија помеѓу нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зашто наскоро по тој договор сите постојани посетители на Боцевата берберница ја знаеја неговата тајна, иако тој не можеше да ја сети промената.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Со тој договор било зацртано дека односите на Министерството за надворешни работи во неутралните земји се од највисок интерес и дека мора да се бара дозвола од Форин Офис за делување на СОЕ во овие земји.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Со тој договор, Македонија ги изгубила сите територии јужно од планината Олимп, Егејските Острови, делови од Епир, Десаретија, градовите Деметријада, Лихнид, Халкида, Партос и др.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со тој договор европските земји само ќе престанеле да се борат меѓу себе и не би биле искористувани ниту од Британија ниту од Русија или од кој било друг.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според него, тој договор не требало да значи дека е насочен против Велика Британија или против Русија или против кој било друг.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)