тој (зам.) - звук (имн.)

Вие просто чувствувате како режат, го слушате тој звук, нели?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Круг! Круг! Кружното движење на водата немаше крај... Ме смируваше тој звук...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Понекогаш во тој звук се славеше и ѕвоното од старата црква во центарот на градот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не можевме точно да определиме од каде доаѓа тој звук: се чинеше дека е веднаш тука, во близина, зад куќите, во првата улица.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Одевме по тој звук, обидувајќи се да го најдеме местото од каде што доаѓаше.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Градот го наслушуваше тој звук без здив, потонат под брановите на маглите, сиот наморничавен од насетените значења што трепереа под навидум грубото и едноставно трубење.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Запамети го добро тој звук, за да го познаеш кога ќе го слушнеш повторно како одѕвонува во тебе.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Неколку пати птицата го испушти тој звук, секој пат го пееше со поголема топлина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Запците на пилата пиштат, и тој пак не знае: го слуша ли тој звук, или е тоа само пиштење на неми, до крв изапени усни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Двете тркала закрцкаа и со тој звук небаре ја искажуваа својата тага.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кога ќе се допреа, пламнуваа и се распливнуваа. Зад нив остануваше само чад.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Неподносливото тропкање на пинг-понг топчето (сега веќе убедена дека тој звук доаѓа токму од тој предмет и од ниеден друг), продолжуваше, а јас станував сѐ почувствителна на неговата дразба.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Не ни беше јасно од каде доаѓа тој звук па јас ја прашував мајка ми... мамо зошто и тропаат на баба забите...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Има нешто во особениот звук на гласот што треба да се произведе и нешто во општествените значења што му се припишуваат на видот на гласот што треба да го постигне тој звук, што изгледа ги привлекува машките геј-исполнители – или го вади на виделина настраниот потенцијал на пејачот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Застанал крај ѕидот на урнатината - звукот на гајдата се склопчувал над него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потпрен на камен, чекал тој звук да се спушти од височина и со удар на остар клун да му ги смири дамарите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Убаво се сеќавам на тој звук, иако не сум сигурен дали само ми се присторило дека го слушам!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Така сакаше таа Марјанти. Во нејзиното уво секогаш мораше да удира само еден звук на чекорот во трчање, а тој звук мораше да звучи војнички. Крап – крап – крап! Крап-крап - крап!!!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)