тој (зам.) - клуч (имн.)

Е, тој клуч, беа бункерите кои требаше да им го заградат патот на тенковите и на добро обучените јуришни единици на владината војска за да не го фатат патот што би ги однел зад нашиот грб.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Ајде, ајде, смири се! Слушни што станало понатаму: ...го зел и тој клуч, та отишол кај стотата мааза, та ја отворил и што да види: една убаа и преубаа девојка стојала просто и од лицето на девојката го огреа едно силно сонце, та му се зел зрако од очите и паднал на земи како умрен.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Едноставно е важно човек да се ослободи од идеологемот на непосредното искуство, каде и да се наоѓа, бидејќи постмодерниот свет веќе не функционера според тој клуч.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И Богуле ѕирка во клучот, го гледа и размислува каде ли го видел порано тој клуч.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)