тој (зам.) - настан (имн.)

Како сон, тој настан си има сигурно своја симболика, но тој е вистински.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нивните мисли сѐ повеќе се оддалечуваа од тој настан или, ако повеќе сакате, од таа реалност. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 53 Петел се сети на своите деца и на сите оние жени на кои им рече -Не.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Како и обично, дури кварот на направата го соголува нејзиното дејствување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Каков е тој настан што не престанува?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Барем јас ќе го паметам тој настан како смешен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А прифаќањето на случајот од таа комична страна придонесе сосема да заборавам на болката што ја сеќавав од половината па сѐ до десното колено.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од тој настан ломинаа години и години.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Потврдив, зачуден: зошто ме праша за најневажното од тој настан?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
По одмаздата од која настрада синот на инспекторот, по тој настан од кој крвта ми стана волча а лицето темно, сината маштеа ѝ забрани на Ана да разговара со мене и да ми носи книги но не бев сигурен дека на Ана не ѝ е тешко нашето оттуѓување.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога победи партијата на Луција, и кога тргнавме во последниот, четврти клас гимназија, почна да се покажува смислата на тој настан.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А тој настан не бил мал, напротив, бил мошне голем за да може да се игнорира.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Еве како сликовито го опишува тоа Христо Коцев, сведок на тој настан: “На светлата соба бевме собрани (во Гимназијата) да размениме мисли за тековни прашања.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По тој настан, моите го мереа и времето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А тој отсекогаш се згрозуваше од насилство и подеднакво му беа одбивни и шлаканиците, и клоците, и пушките.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со години веќе се немаше сетено на тој настан, на шлаканицата по образот на девојчето, на запалениот братучед, на стравот што го почувствува тогаш кога сфати дека човекот со лузната него го сметаше за свој, сличен на себе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Погледни, твојот братучед ми заспа в раце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Малку поблед отколку што мислев во дворот, и не блед колку варовничав или изветвен од подмолен јад на човек со товар несреќи на срцето, домаќинот ги потпираше тешките дланки на софрата со секакви трошки од вечерата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По тој настан, натопен со крв и џагор на колеж, никој не се стутулил под јакуцка, малодушнички да се враќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се чекорело тетераво, никој не седел на двоколка, дури ни чкрботливиот Симон Наконтик - Господи севишен, повторувал, зошто не останав дома и не си го чекав на ониште судниот ден како што им доликува на причестените старци? - а Арсо Арнаутче, со секакви шамии врз окото преку кое минал турски јатаган, се потпирал со рака врз ѕидот на двоколката и само со една голема и засолзена црнка гледал во призрачноста на случките што останале на патот, најмногу во последниот настан во кој загинал од две стрелби пркосниот Борис Калпак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Раскажуваше полека како да се плаши да не се засркне од многуте зборови, го гледаше настанот и се гледаше себеси во тој настан, со жестока горчливост во гласот се исповедаше пред седуммина гости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаев дека пликовите на неговата изгорена кожа се како наголемени рибји очи и верував, тогаш, дека под нив месото е црно и црвено, недојагленосано но не и со толку крв како пред тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Малиот Мечкојад, прцулче во секакви партали, прашал кога ќе умре Јаков Иконописец и некој се насмеал (- Господи, рекол, ни децата не се веќе деца), а тој настан, навидум без значење, ги обележил триесетте и неколку години на Мечкојадовото лице со триесет и неколку брчки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И со склопени очи го гледав зад зелена магла човекот-факел како споулавено трча, а зад него, зад границата на тој настан, се протегаа моите соништа врз почва покриена со кожа на џиновски гуштер.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За тој настан од Сараево дојде постариот брат на Томо со снаата и децата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да се обидеме да ја дешифрираме во светлината на тој настан: act (чин) може да биде заменет со зборот песна, на истиот начин на кој Гете во „Фауст“ збор го замени со чин; во библиската реченица „во почетокот беше збор“ (песна); во почетокот беше чин; red (црвено) е замена за хомонимот read (читање); ter or треба да се прочита како тенор; epergne може да стои наместо epargne (фр. да се сочува).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дали оваа реченица укажува на тој факт?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За тој настан сѐ е кажано во старите басни, со мисла одговорив.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Лисицата го надмудрила гавранот и тој, за да се пофали колку убаво пее, го испуштил од клунот својот залак.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Меѓу публиката се собираа повеќе видни личности, како на пример битолскиот сликар Мелников, познатата глумица Мирјана Будимировиќ од Белград, глумицата од народниот театар во Скопје Мери Потхраски во друштво на колешката Живка Срдановиќ и режисерот Јосиф Срдановиќ, госпоѓата Здравковиќ од друштвото на пријателите на уметноста „Јефимија“ од Скопје – специјално дојдена за тој настан, како и грчкиот, францускиот и турскиот конзул.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во моментите кога мислеше на тој настан, сакаше да го заборави.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но сега, кога случајно се открија знамињата, Мајка се чувству­ваше должна да му го раскаже на Татко тој настан околу разминувањето на семејството со смртта, онака како што си беше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но Татко знаеше за настанот од својата мајка. – Мила моја, со години ми тежеше на совеста тој настан.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сеќавањето копаше по своето дно а сепак тоа беше прва престава со разбудувањето, тој настан виден во едно далечно детство, во овој ист град, сонлив и удавен во здодевност и замор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но во секој случај тој настан, дека го слушам шумниот говор на закланите животни, јас не сум во состојба да го одделам од вселувањето во спомнатата соба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Помина скоро цел месец од тој настан.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)