тој (зам.) - оган (имн.)

Сега, засекогаш тој ќе ги изуми и сите имиња, сите адреси, алегории.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Јатката на моливот, сите мои копнежи и тајни ги пресоздаваше во зборови и таа нејзина дарба е дело на голем и свет оган, низ кој се топела и претопувала нејзината света твар, сѐ дури низ тој оган и самата не се пресоздала во мое сеќавање.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Пепел одвеана од дивиот ветер единствениот кој ја прими напатенава душа и тело.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Телово беше претесно за тој оган што изгоре се и се претвори во пепел.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Секој може да ја чита Етика ако му се препушти на тој ветар, тој оган.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Доколу веќе сме утврдиле дека во прометејската етапа на историјата, напоредно со огнот постоел и говорот, сигурно е дека секој творец си има своја прометејска етапа, прометејска етапа на неговото сопствено битие: огнот на неговата прва средба со видливото и со говорот што тој оган го произнесува запретен некаде во потсвеста, моќна да го преобрази видливиот и присутен свет во имагинерна, трансцедентна верзија на некогаш веќе постојното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Инаку, при пишување на желбите или тужбите немаше обичај да ги потпалува скараните странки, да потфрла „бензин” на огнот, да ја разгорува кавгата, но немаше обичај ни да ги смирува, да го гаси тој оган ако веќе вивнал...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Фиданка Кукникова, змија, со презир но не и без восхит шепнал Адам Лесновец. - Била држанка, станала жена, сега е распуштеница.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И каменоделците дишеле шумно. Во таа шума на запалени човечки стебла, во тој оган што вивнувал од секое машко влакненце, ни Доце Срменков не останал неначнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
-Особено сериозно звучеше она, што требаше да претставува заклучок: - Кога е во прашање тој оган не дозволувај срцето да ти е скретничар.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Спушти ме страсно, крени ме в рака милувај нежно, не вели збогум, остани овде, сотри ме нежно, ах, во тој оган вечно нека горам.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Притоа вистина е дека таа не се чувствуваше доволно силна да го избегне тој оган, или барем да се пооддалечи чекор- два од него.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Единствената желба што раководеше со мене таму, на Крим, беше, да ја изнесам главата не зафатена од тој оган, рече татко ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Затоа повеќе пати се случуваше да се прашам: колкави ли ќе бидат пламењата ако сиот тој оган наеднаш се истури.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)