тој (зам.) - пес (имн.)

Етим беше си ја имал мувата на капата и беше се засолнил дури во Солун, та Саботчани имаа задоволство да се огреат вечерта на неговата кула, а чифчиите таа ноќ имаа гости на неговиот чифлик во Биџова маала.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Случката со Адема Андон ја разбра и беше сигурен дека Толе не се дава жив в раце на „тој пес“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Ќе се даваат, нема чаре. Me вати такцирот!“ — си заклучи Стеван. ,Де го расипе тој пес детето, ако не му и занеса навреме".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Бога, душа, пушки ми покажа тој пес Етим од Сабоцко, — се правдаше сиромав Ѕерѕе пред Толета кога овој на пладнина му отиде в село да си ја види сметката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море ми, шо направи, синко, оти го напади агата, ќе не јаде тој пес Адем! — почна да се тапка мајка му.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гледај, прави, да не се фати жената, оти покрај неа и тој пес ќе остане!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но штом ја напушти Адем кошарата, Толе си дојде на себе и и се фрли на мајка си крај огништето: — Шо сака од мене тој пес, мори стара вапирко, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Целото село ќе се израдува ако можиме тој пес да го одманиме одовде. Не се трга, бесот да го фати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ако фаќам тој комитата ваш- се пофалил в село по некое време- на суво ќе бричам влакно по влакно и парче по парче ќе черечам тој пес.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога ми го прати писмото за да ја земам, а тој пес ја одвлекол дома си и таму ме рани, ми пиша дека ја држеле под клуч... (се бара во пазувата и вади писмо).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Во карпине е тој пес, ја кренал дуријата Онисифор Проказник. - По мене, браќа ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој пес и со тоа се прчи, тој пес со красти.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На неколку чекори од неистинатиот Јане Крстин друг, Пеце Дановски, удрил со крваво чело во камен и останал неподвижен; бил до тој миг незабележлив, малостав, помирен со сѐ што се случувало и што ќе се случува низ векови; сега сите што биле близу до него виделе дека само со тапите прсти минува по земјата - умира и сепак бара потпир да се исправи, да го побара убиецот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се подаде и како со циганска клешта ми ја стисна ногата кај глуждот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
– Ако имаме касмет да стигнеме до него, колај ќе ја разбистриме сета работа – им велеше попот на другарите -ама не верувам. Не нѐ остава тој пес кадијата; ќе нѐ расипе уште во Прилеп – со право се плашеше попот, знаејќи го свирепиот карактер на прилепскиот кадија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)