тој (зам.) - статус (имн.)

Но, на самото присвојување на таа честита женска улога може да се гледа и како на машка кражба на женската повластица, како на веќе виден пример на машки културен империјализам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако заштитното друштво не ги исполнува пре- двидените услови за поседување на тој статус во период до 90 дена, пропишано е дека нема да го загуби овој статус, но, при тоа не смее повеќе од три пати во последователни две години да го наруши минималниот процент на инвалидни лица или да падне под минималниот број на вкупно вработени работници на неопределено време.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Нивниот показ на изведбеноста на италијанското вдовство имал за цел да го направи вдовичкиот статус пренослив на нив, за да можат да си ги бараат општествените повластици што одат со тој статус – имено, правото да си ги оплакуваат љубените пред очите на целиот свет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ставајќи се во дрегот на италијанските вдовици, тие се обидувале да си присвојат, колку и да било тоа иронично, женска улога што обично би им била ускратена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нивниот настап, тврдев, не е мизогин: тој не искажува омраза кон жените, не толку колку што искажува завист поради можноста на некои жени јавно да изведат приказ на личната болка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Настојувајќи на своето право на тој статус, сепак, успеале да се здобијат со апсурдна и, очигледно, лажна, но, во практиката, мошне делотворна слобода да си ја преведуваат личната и заедничката болка во демонстративен, поборнички општествен облик и да поставуваат импозантна изведба на јавно жалење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)