тој (зам.) - трн (имн.)

По оваа патрола, што го доведе овчарчето, Фазлибеј испрати заповед до потерните одделенија да не се враќаат назад додека не го истребат „тој трн". Потерите се растрчаа по цело Мариово да ја бараат Толевата чета од четири души.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Уште поарно; — рече валијата — ќе се треби тој трн од мојот валилак — и уште истиот час му ја соопшти на пашата оваа новина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А бре, ќе вадиме и тој трн како многу досега, туку зошто да боцкат на здраво место! — одговори пашата замислен, очевидно правејќи планови како да го извади овој трн.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)