тој (зам.) - благороден (прид.)

Ах, таа тишина Ах, таа тишина, таа благословена неподносливост, тој благороден мир, по кој од очај копнеам сега а кој цел живот ги проколнував и мразев.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Покрај Мики-рибарот, на плажата се активни уште две деца, Гаге и Танче, кои се капат и скокаат од Неподмитливиот камен, мазна карпа испапчена над водата, десетина метри од брегот, од каде што полузаинтересирано ги набљудува машко русокосо дете, Климче, фрлајќи камчиња во езерото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И така значи?! Тој, добродушниот Хелвиг, тој благородниот, кого го запозна како таков... во заедничкиот живот што го поминаа сами двајцата... во земјите каде што работеше тој... одеднаш ја прогласува за виновна што се растури нивниот заеднички живот!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Чиракот на дедо, на пример, по има Миле, беше еден од тие систематични, упорни ученици, кои напредуваа step by step додека низ тој благороден процес на учење не си го совлада занаетот и не ја изгради самосвеста за да си отвори сопствен дуќан.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)