тој (зам.) - нивен (прид.)

Навистина, идат Евреи и во овој град како по сите градишта, но не во тој нивни празничен ден во кој што не работат, ами ја прибираат вересијата од своите многубројни муштерии.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Основното учење на Хегеловата филозофија е тврдењето дека светот и општеството се во постојан развој и дека тој нивни развој е незадржлив.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Јас никогаш не го видов тој нивен интернат.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Дури и кога не ги гледаше, им го чувствуваше тој нивни поглед на неа исполнет со страст.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Италијанецот кој никако не јадеше од јагулата, рече: - Знам за тој нивни пат... Но сум чул дека јагулата е отровна...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И денес се тоа што се: тие ѕвезди, тој нивни аѓутант.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаше нешто перверзно во тој нивен однос: тој да мора да ја засмејува, сосема неинвентивно, а таа да мора да покажува дека ѝ е смешно затоа што тоа се очекува од неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во тој миг му беа далечни најмногу со тоа што не се покриваа и не замолкнуваа, кога тој нивни разговор беше сиот изрешетан од она.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури, уште повеќе, тој нивни однос ја тераше да поминува покрај нив со поисправена глава.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Зашто тие себеси никогаш не би се идентификувале сериозно како хипстери, ним им треба тој нивен хипстерски идентитет да им биде антиидентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа се стреми да биде секој современ идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Хипстерите мораат да бидат иронични околу идентитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А токму во тоа, ми изгледа, можеме да го мериме разминувањето на настраните изведбени стилови од кои Копола си го црпи подражавањето на Џоан Крафорд и оној вид на стрејтерска хипстерска иронија што ја авторизираат нејзините пренемагања – оној вид иронија што го пробликнува спотот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- А, си размислувал ли некогаш зошто таму живеат, - навалуваше татко ми, и јас никако не можев да сфатам што се запнал за тој нивни Дом.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Младите не знаат што е старост па затоа и потешко се вклопуваат во тие односи, затоа и почесто тој нивни младешки револт.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
К* длабоко повлекува со носот, ја вдишува силната трпка миризба, повторно им загоре, си мисли К*, никако да научат, секогаш им загорува, секоја проклета недела, зашто ли само не го спремаат со доста вода наместо да им се суши во рерната, си мисли К*, или барем еднаш да го сменат тој нивни проклет ориз...
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Беа качени на чардакот кога тој ја крена раката за здравица и го рече она за небото и за ѕвездите, и навистина ти велам, многумина од тие сериозни Козаци и Белогардејци се расплакаа, и со свои очи видов како сите се свртија на Исток, каде и сега се наоѓа нивната татковина, и се прекрстија по трипати, а потоа се поклонија кон тој нивен Исток, и тоа личеше на простување, на последно збогување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)