тој (зам.) - еднаш (прил.)

— Така го слушаше тој еднаш дедот Никола Дарков кога прикажуваше за мечки и кога се фалеше дека отепал пет, фатил три мечиња и една стара и им ја продал на Ѓупците да ја шетаат по селата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Класната формација внатре во националниот организам би значела будење на оние непомирливи спротивставености внатре неговата свест на патријархален маж- војник, коишто тој еднаш ги закрпил со „херојскиот принцип”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ја гледа Богдан сликата од дедо му и се присетува на она што тој еднаш го науми.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Или можеби паднал веќе в стапица како и тој еднаш што беше уловен во тој сив фак?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Зашто пушката на чуварот остана кај мене кога тој еднаш ме замоли да го заменам зашто имал некоја приватна работа да си сврши...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Шатев, кој во Солун ја одржувал кореспонденцијата на Кружокот со Велес, Цариград и Бугарија, тврди дека тој еднаш или двапати добил од Цариград по 20 наполеони за потребите на гемиџиите и дека било решено самиот да оди во Цариград како помош на тамошниот кружок, но и за да го забрза праќањето на пари во Солун.60
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
МЕШАЕВ ВТОРИ: Денес, сосем случајно сретнав еден пријател со смисла за хумор, со кој не сме се виделе уште од млади години: тој еднаш се изрази во таа смисла, дека мене и брат ми нѐ глуми еден ист актер, но брата ми подобро, а мене лошо.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Туку мавни ги, си рече тој еднаш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сиот опфатен од тоа ужасно бреме, Језекил правеше сѐ за да го победи, секогаш постојано живеејќи со надешта дека еднаш и тоа ќе пројде, дека и тоа ќе се заборави и дека ќе си му се врати нему пак онаа пргавост од некогаш, со која што тој еднаш можеше да помине и по најтенката талпа на највисокото скеле, без да трепне со очите, дека сево ова во него е само уште една проклета шега, дека и нему ќе му се насмее еднаш еден син ден, сѐ до една случка, која го исфрли од височината на скелето како партал, не водејќи притоа сметка за ништо, ни за неговите соништа, ни за неговото детство, а сепак, дури и благодарен што успеал да си ги донесе оттаму на земјата цело и своето пониско рамо, и својата судба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Темничината продолжуваше да пламнува црвено и тој еднаш толку добро го виде тоа, што за миг ги имаше испозагубено веќе сите свои мисли.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа траеше еден век, а за тоа време не постоеше повеќе ништо друго, освен оние рапави, скокоткави допири, пред кои тој еднаш можеше само да ја повлече едната, а на нејзиното место да ја подаде другата рака.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој еднаш ми рече дека сум копиле, а јас сега му вратив“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Даскалов беше отшетал до другата страна на креветот и изгледа и самиот се беше уверил дека мајка ми е подготвена за погребот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој еднаш беше му рекол на Чанга дека ако се пишува историјата на козите на Балканот, тоа ќе биде една од најдобрите истории на балканските народи...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)