тој (зам.) - заедно (прил.)

Во исто време, тој заедно со мајка му Анѓа, во Рада гледаше златна кокошка која на секој први ќе му го дополнува џебот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зар нема и тој заедно со нив да се извлечка одовде?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сам бог одредил да биде така, на Водици татко да го изгуби животот, скрушено ги прекорува Никола браќата и свртувајќи се спрема Максима Акиноски, зашто е домаќин седи од левата Максимова страна, вели: Да сака со нас во Прилеп да дојде и Тахир бег па и тој заедно со нас да бара од властите да го накажат Хаџи Ташку за злоделото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)