тој (зам.) - потоа (прил.)

Воловите тогаш ќе се свиткаа на колена и ќе ја извлечеа колата, а тој потоа ги галеше и никогаш не ги караше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој потоа рече дека Татко со идеите на Фаик Коница за супериорноста на природните над вештачките јазици, за кои добил поддршка од авторитетните умови на времето како Гијом Аполинер, Реми де Гурмон и други, веќе проникнал во успешното толкување на релацијата вештачки јазици-јаничаризам во генералната тема која им беше од заеднички интерес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Лижејќи ја хартијата со својот вжештен јазик, тој потоа се прошири на жолтите завеси од Икеа, уредно наместениот кревет, бродскиот под, вагата која секогаш покажува повеќе, и книгите, да, купот книги во кои ликовите, за разлика од неа, не се грижеа за својот лик и дело.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Душа на душата Допираше сѐ што постои - икони, камење, билки, сите нешта и светови ги допираше.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Осознаваше дека во душата се населени и оживуваше нешта кои тој потоа ги пресоздаваше, и допираше сѐ што беше создадено од Бога или од него.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Здравко секогаш, кога немаше никој да се јави за доброволец, ќе погледнеше во мене, јас ќе се јавев, а тој потоа честопати ме споменуваше и ме фалеше како пример на храброст.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Прво на еден гардиски капетан, а тој потоа со кола доаѓа до нашиот град и ѝ го предава на да, добро претпостави нашата колешка Александра.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)