тој (зам.) - силно (прил.)

Ана го дочекува во спалната, во креветот. – Сонував дека се борам за тебе – му шепоти, додека тој силно ја бакнува по бледото лице.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Бидејќи умот е како бескрајот, повикот на бесконечноста на природата е силен. Тој силно влече.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)