тој (зам.) - дека (сврз.)

Толе и Трајко излегоа од кулата, појдоа во градинчето, му го зедоа јагнето на Бендерот и му удрија еден дипшик, за да разбере и тој дека Толе Паша со дружината влегол во Старавина и ги опљачкал чорбаџиите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Нека каснат и тиа печено јагне, и тие се душа — рече Сиве и се качи на чардакот да им ја соопшти и оваа новина на гостите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Рекол тој дека ќе му помогне ако се стави со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На никого не би му кажал тој дека на моменти го фаќаше вистински ужас од заостанувањето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Стои тој во сенката на големото име на својот народ, знае: полека мелат божјите воденици, побавно штрака штичката над левакот, полека се истура плодот врз каменот, и знае тој дека при ова се вели: дајте да запееме за поголеми нешта, да ѝ запееме на семенката, на 'ртулецот да им запееме, на она кое нè продолжува да му запееме зашто тоа ги содржи сите облици низ кои ние, нивното потомство минуваме.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Да не да ѝ додаваа нови стебла на гората, да не му додаваа нови ѕвезди на небото?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Знаеше Тој дека има и птици - еретици, кои откако ќе долетаа во родниот крај слетуваа право во пазувите на девојките.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Те молам не се вознемирувај, ми рече тој дека ќе се врати денес.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Нека не сме веќе браќа - близнаци и нека не ни е името Мануш и Јанкуло ако уште еднаш навиваме за тебе и ако ти ги влечкаме на секаде молерските канти, наслути тој дека се колнат во себе кога навредено му свртеа грб потпирајќи се еден на друг во чекорењето.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Знае и тој дека прашањето на селово нема да се решава одделно... туку заедно со манастирот Свети Наум...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Знае и тој дека ќе седнам надвор и дека соба не земам, па ќе го прати детето со сребрен послужавник и шолјата кафе со волшебна моќ.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Забележа тој дека Тодора си ги сака иконите, си пали редовно кандило, си оди в црква како да е самата дома топол леб, не жива сода, за секој адет се договара со попот и ревносно ги потсетува домашните и комшиите на празниците што идат, па реши да удри на тој тапан, белки и господ ќе му помогне.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Си мисли тој дека сѐ ќе си раши како што сака.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Свесен е тој дека немаме заедничка иднина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мораше да биде така за него, дојден во овој свет на градовите, и никогаш не можеше ни да помисли тој дека е потребно нешто да се мени.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше тој дека од прозорецот над него можат да се заискрат оние опасни трескотници, кои не му беа непознати и пред кои тој којзнае колкупати во својот волчешки век недосежен се засолнувал во шумата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Историчарите по уметност обично ја одбегнуваат оваа тема сметајќи ја безначајна за историјата на уметноста и интелектуално неинтересна.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓутоа, главниот аргумент на Гамбони беше тој дека вандализмот на уметничките дела не смее да се разгледува независно од уметничките и теоретските аспирации.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Знаеше тој дека е права, но во својата сила над неа знаеше, исто така, дека е бессилен пред нејзините клетви.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Исчепка тој дека меѓу нас, во Сук, има расипници, неранимајковци, агенти, шпиони.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
баму ја, седиме така во темницата и се плачеме, сакаме да го подзапреме времето, да се оддалечиме од смртта што нѐ чека, јас веќе си ја гледам мршата како ја раскопуваат дождови, како скапувам и се смалувам, се гледам пред себе си, така, како своја слика да држам в раце, само Силе Плевнеш грчи во ќошот, бичи некои глуждови трупци, ама времето кој го запрел досега, го запирале царови, кралови, тепачи, арамии, врачари и јаки луѓе и никој не останал со него и како што седам така, оп - се обзорува, некоја бесшумна светлинка ни влегува на прсти во собата и со светлината влегуваат и војници, оф мори мајко, ајде вика старшијата, Силе Плевнеш уште грчи и старшијата го клоцнува в слабина и овој рипнува, си ги брише слинките околу устата, сакате поп да ве исповеда, јас не сакам, вели Силе Плевнеш, и без поп господ ќе дознае за нас, знае тој дека на правина нѐ земате на душа и после нѐ поредуваат во дворот пред затворот, а Стеван Докуз пак приплакува, ги покрива очите, што ќе му правиш: тој ти е другар во несреќата, „пријателот ти е роднина кого самиот си го одбираш“ велеше Лазор Ночески, а војниците чекаат со пушки пред нас и ете го дојде тој, офицерот, се тетерави 121
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)