чиј (зам.) - влез (имн.)

На излезот од селото низ полуотворената дрвена порта - во дворот, веднаш до влезот на куќата – сив бетонски бункер пред чиј влез зеленее високо разраснат бурјан.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Баханалиите во кафеанчињата, над чиј влез огромен лав преку целата ноќ неуморно истура во грлото прочуена баварска бира (со уште попрочуени цени - 500 дин. една кригла), и од задоволство само `рже, немаат крај...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И затоа секој што застанал и зјапи во витрините на кабарињата, на бистроата, во бутките со порно литература, во кафеаните каде што се нуди само голотија, во кината каде што се екранизират порно филмови и на чии влезови, за пропаганден ефект, задолжително стои забелешка дека „гледањето на филмот е строго забрането за луѓе под 18 години“, е некој дошлак во Париз, некој турист и гостин од некоја странска замја, кој можеби дошол тука, на „Пигал“, за да каже, кога ќе се врати во својот крај, дека бил на „Пигал“, зашто се смета дека тој е еден од симболите на француската метропола.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)