чиј (зам.) - врв (имн.)

Лево од Дрвениот мост, беше распослано Еврејското маало, од каде што започнуваше ридот на чиј врв се извишуваше Тврдината...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се работи за голема цевка на чиј врв се наоѓа тело кое се врти благодарение на ветрот, изум кој е наречен “Machina anemica”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се шуткаше околу базата на огромниот тркалезен столб, на чиј врв статуата на Големиот Брат гледаше во небото кон југ, онаму каде што ги победи евразиските авиони ( само пред неколку години тоа беа истазиски авиони ) во Битката за Воздушниот коридор Еден.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Варшава е пространа, голема, со долги авении, булевари, дијагонално испресечеи, а најатрактвен е нејзиниот центар, каде што се издига огромена кула, всушност цел блок зданија, кои се извишуваат со стотина метри и од чии врвови може да се согледа сета Варшава, како од авион.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Солун е расположен амфитеатрално, па човек тешко може да се изгуби, ако се спушта од неговите височини од левата страна, од тврдините, од оние места на чии врвови се наоѓаа романтичните цигански маала, од оние врвови од каде што се шири панорамата на сиот град, на сето солунско пристаниште, на сиот крај, на сиот брег покрај „Беас Куле“, кој е претворен во големо и пространо крајморско шеталиште.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во огромен букет на чиј врв стоеја закачени пар обетки - украсени со еден црвен рубин и еден син сафир.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А на горниот крај, на десната страна, беше пцалтирницата во која се држеа неколку книги, а на чиј врв беа поставени две штици пирамида на оска на која можеш да поставиш четири отворени книги и да го завртиш така што да можеш да ја читаш која сакаш од книгите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
А кога ги склопи очите, несопирливо потече со настаните, ја надрасна темнината во непроветрената соба, се најде таму каде што беше пред повеќе од две години, на планина, на пуста гола планина од чиј врв ноќе можеа да се соберат ѕвездите испрскани со крв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Со чело го почувствувал брзите удари на туѓото срце што пуштало од себе невидливи жилички за да го стисне во нежна мрежа на чинки под чија лелеавост ќе заспие со машка недореченост на младата става изградена и склопена од безброј секакви сетила и непокорна на законите што важат за сите живи страственици, од најмалата и најбезначајната мравулка до човекот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Полжавчињата на неговото месо пуштале рокчиња на чии врвови можело да се почувствува и најмалото движење на жената.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гледано десно од прозорецот од мојата спална беше куполата на јавната библиотека на чиј врв имаше ангел, застанат на една нога, како да се устремува кон месечината и ѕвездите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Од тука окото се полни со прекрасната панорама на Лерин и леринското поле и далеку, небаре е крај на светот – Кајмакчалан, чиј врв е покриен со снег.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Името му е многу старо и го носи по некогашното истоимено село кое се наоѓало повисоко и лежело во подножјето на планината Орле, која, според едни така е наречена од високата карпа чиј врв завршува со глава на орел, а според други по белоглавите орли што сега се помалку ги има.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога едно време се утавли свртен кон Тумбица, брег во подножјето на планината чиј врв личеше на газер од јајце, објасни: "Сори, ама јас морам да гледам во вашето фјучер.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Изворот беше посаден на падините на блиската планина, чии врвови беа речиси постојано во снег.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)