чиј (зам.) - извор (имн.)

Само парки магла и некој тивок, ладен скомраз, чиј извор не беше тешко да се знае.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, трпеливо треба да оставиме животот да не води по траговите на среќата, под небото, низ земјата, а чии извор е во нашите срца.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Само еднаш без страв го земав клучот, отклучив и влегов преку прагот во непознатиот свет и ја откчлучив тајната, невидливото беше видливо, болката се претвори во радост, меланхолијата се претвори во надеж, таму се раѓа животот, универзумот уште еднаш ме прегрна, краток миг кој се претвора во вечност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ниедна наредна љубов нема да биде налик на тој порив на копнежи чии извор е божественото срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Од потсвеста, сѐ посилно притискаше еден глас чиј извор не можев да го утврдам: дали потекнува од животот, од силните семејни пораки втиснати во просторот, или од вистините на татковите книги, непрестано пластени во мојата свест и потрага по овие предели?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)