чиј (зам.) - клуч (имн.)

Шаторот се затвораше со патент широк како офицерски ширит, од врвот до прагот, а тука се заклучуваше со катанец, чиј клуч го држеше Геро како најстар во екипата, но не во малото џепче кај ситните пари туку на синџирче заедно со ножето за отворање конзерви и отнување тапи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За себе, многу подоцна, кога повтор­но ќе ја мине границата, само во спротивна насока, ќе рече дека таа самата била граница чии клучеви ги носела со себе!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Погледот запираше до нашата одземена куќа, чии клучеви се наоѓаа во нејзината врска.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)