чиј (зам.) - коска (имн.)

Малку или многу беше количината на фрленото железо и олово врз главите на немоќните луѓе, малку или многу се загинатите чии коски лежат во масовни гробници на просторот меѓу раскрсницата пред селото ’Рби и мостот на Пероо - Кулата, меѓу брегот на Големото и песоците и трските на Малото Преспанско Езеро?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но, српскиот селанец гледа само една причина за таквата несреќа: тој знае дека куќата ќе падне ако во темелите не се заѕида машко или женско, чии коски до Судниот ден ќе го држат врз себе тоа претешко камено месо.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Паднале 100.000 луѓе, чии коски се закопани под овој голем споменик, чија грандиозност ја надополнуваат огромните димензии на неговата заокруженост во заградениот простор на слободното поле.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Волјата за работа им папсувала, а стравот, не заморот, ги оросувал со пот нивните опалени чела.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Грачи, клетиот, морници в коски да ти полазат, Како да грачи од врвовите на чесната ноќ на оние чии коски ги колваше по боиштата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)