чиј (зам.) - пад (имн.)

Но предоцна да спаси некого или нешто, макар што на Балканот продолжуваше големата неизвесност, во Југославија посебно. И во илјадниците телеграми кои ги пишував од мојата речиси десетгодишна дипломатска мисија јас не престанав да трагам по наследената таткова тишина, во која се кријат кодовите на неговите незавршени потраги по балканската вистина, барана низ урнатините на империите, од чии падови се извишуваше надежта на преживувањето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Уште еднаш навратив во свеста на татковиот животен проект за Историјата на Балканот низ падот на империите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Југославија беше мала балканска империја чиј пад се вестеше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)