чиј (зам.) - површина (имн.)

Во длабочината на просторијата, под единствениот прозорец однадвор заштитен со метална мрежа, беа наредени три буриња одамна полиени со катран, а лево од нив се наоѓаше биро на чија површина беа оставени четири празни лименки од пиво и неколку папки од црвена мукава, подредени една врз друга.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Авторот не наведува колкава количина железо и олово во исто време и на истиот простор чија површина изнесува 5 километри во должина и 2 километри во ширина ( 5х2= 10 квадратни километри) фрлија минофрлачите, тенковите, артилеријата и пешадијата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)