чијшто (зам.) - извор (имн.)

Оваа одломка се наоѓа помеѓу два наводи преземени од Борхес, кои се дадени - helas - во француски превод, и чиишто извор не е наведен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Првиот навод од Борхес гласи: “Општата историја продолжи да се одвива, и премногу човечките богови обелоденети од Ксенофан беа уназадени во ликови од поетската литература, или во демони - иако е соопштено дека еден од нив, Хермес Трисмегист, изговорил во перо променлив број книги (42 според Клемент Александриски; 20.000 според Хамбликус; 36.525 според свештениците на Тот - кој исто така е Хермес) на чии страници биле запишани сите нешта.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За него тој ги означува онаа нелагода и страв на човекот коишто настануваат кога ќе се сретне со нему туѓите и непријателски сили, чиишто извори, меѓутоа, ги чувствува длабоко во себе. Das Unheimliche е она што еднаш било блиско и сосем присно, но е потиснато, па сега предизвикано од некој впечаток се враќа од таа потиснатост во ликот на тајновитото и туѓото.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)