што (зам.) - вели (гл.)

А за другото понатака лесна работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Мошне убаво. Чок ѓузел, што велат наште. Така нека биде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа може да им се забележи на оние што велат оти никогаш немало македонска народност. – Немало, ама ја има сега и ќе ја има за напред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеби беше правилно предупредувањето на Агна, кое ми го соопшти откога ѝ пишав за почетокот на работата на бунарот, дека е подобро да не се сообразува човек со желбите, како да се исполнети, пред да види што вели животот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потем Филозофот му го врати прстенот на раката, на прстот му го намести, и рече: „Прочитај сега пречесен, што вели словото од прстенот твој“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
АРСО: А ти што вака рано...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Што велиш, нашето ти е како во песната. (Рецитира тихо претпазливо.) Иди у гора — вуци, слези у село — Турци, влези у црква — светци, излези вонка — слепци, влези у куќа — буи, излези вонка — муи.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тогаш право е да си ги делиме пополу, а, што велите вие?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Не сум ни шпион, ни друго, велам, и јас не знам што велам, не смееш накриво да ѝ проговориш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Како другото, велам, не знам и јас што велам, начисто ми е оветвена главата, мозокот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
БАЈАЧКАТА: Што вели докторот? ВЕРА: Вели лежи девет месеци. БАЈАЧКАТА: А ти? ВЕРА: Треба некој да гледа куќа девет месеци.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Што велиш, а? - Логично и реално.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ќе стори сѐ што треба, но без мајмунлак, што велеа луѓето, не можеше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Што велат: некогаш е за грош леков, може да е до тебе, ама кога не го знаеш!...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што велеше Лазор Ночески: „Ако не каснеш црешна, барај јаболко или оскорушка, ако не го завтасаш и тоа, ти остануваат само шипинки и глогинки.“ Толку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)