што (зам.) - напише (гл.)

Одговори Откако засекогаш го избриша она што го запишал во песокот пред себеси го прашаа што напишал а Исус им одговорил: јас ништо ниту запишав - ниту избришав!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
така после и Бугарите нѐ држеа понастрана, првин ни дадоа да подработуваме околу казаните нивни, околу јадењата и Стеван Докуз стана поразговорлив, почна и тој да арчи зборови: ами судбина, Мирче, ќе ми рече, така ни било пишано, а јас ќе му одговорам: да му се мочам во писалката на тој што напиша така и Стеван ќе ја сврти главата и ќе земе да трупи дрва и да дроби компири и ќе џвака нешто-што било, - ќе прежива со устата, оти тој кога сака и колку сака може да огладне, колку што сака не може само да се најаде, гладта, ко кучка му стои на желудникот, во дупнато решето водата николку не стои,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И единствена вистина е сето ова, единствена жива вистина чекори меѓу вас како виор и како ноќта што е мрачна наметка на мојот порив.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)