што (зам.) - направи (гл.)

Што направивме и што треба да правиме во иднина?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но што направи комитетот?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Прво нешто што направив кога излегов во свежата париска вечер беше силно да вдишам воздух.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Таа ми соопшти нешто што направи работите да тргнат во друга насока.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Сѐ што направивме е пак да нѐ затворат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што направи, мори Небеска?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Направи што направи, тргни се малку настрана. Не мешај се во сѐ.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Танаскоица како да не сфати што направи, после се интересираше да не е болна од нешто штом така блуе, па ја подучуваше да се варди, да се облекува топло оти ова мокро и магливо време е многу лошо.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тоа е исплашениот Зоки Поки. Дури сега сфаќа што направил.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Господе, што направив, ќе се удават луѓево, си велам, и со очиве ја барам Уља.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми ги жули жилите и само си повторува: - Што направи, Велико, што направи сестро, вели, зар уште еден гроб сакаш да отвориш, да затвориш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Што ја тепаш, мори Уљо, викам, што направи Горица? 201
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се враќам дома, а Уља, уште од врата ќе ми рече: - Мори, кај си, Велико, што се стори, што направи?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)