што (зам.) - помине (гл.)

Наша женска среќа: Да родиш, да нахраниш, да успиеш, да расповиеш, да повиеш, да испереш, да спростреш, да исушиш, да собереш, да испеглаш, и гледаш твоето време заминало, снагата ти клапнала, некаква тежина ќе ти легне врз очите, што се рекло, ќе се изгубиш во сонот а без да разликуваш сон ли беше или јаве тоа што помина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Наоколу мирисаше на догорени свеќи, на лански босилек, на пресна земја и на некоја старечка издишка што поминала меѓу расипани заби.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од тоа уште време побегна Дамјан Груев, којшто беше во бројот на Македонците ученици што поминаа од Белград во Софија и во бројот на сепаратистите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Што помина не сја врштат назад, о девојки, нема краља, нема бана, гиздави, го нема!
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
12 Додека патував со автобусот за мојот роден град, веќе смирено анализирав сѐ што помина.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не раскажувајте ми приказни, пробајте и тогаш ќе седнам да дебатирам со сите што поминуваат или поминале низ истото обележување.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Некако во моментот се сетив на сѐ што поминав со Холанѓанецот кој сега стоеше висок и згоден пред мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)