што (зам.) - расте (гл.)

Бескрилест, се тетерави пред бездната што расте.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мирисите не се мешаат, ами секој посебно му иде од кај улицата во која навлегува и спрема цвеќињата што растат во дворовите на куќите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сакаа луѓето да бидат слободни при задоволувањето на своите поединечни интереси и воедно способни со своето размислување да посегнат и од другата страна на ова тесно подрачје.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но и јас сум гранка на брегот од животот што расте па колку да ми се смрзнати и румени и нејаки прстите ја сечам таа одвратна лизгава маска од мов црпејќи сили во споменот на нешто зелено зелено (ДОЖДОВИ)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Дете што расте, чиешто тело го тресат оргазмични ритми; чиишто чувства се изразени во химни што ја слават радоста на онанијата или убивањето родители; чијашто желба по слава и пари нашла свој пример во бисексуалниот музичар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На кусо: таквиот живот не е ништо друго туку непрекинато подгревање на однапред подготвената мастурбациска фантазија.” б) “Па нели филозофите се бореа за културата да се рашири по цел свет и индивидуалната сфера да не биде веќе зависна од надзорот на Државата или овластувањата на заедницата?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)