што (зам.) - рече (гл.)

Но сѐ што реков јас во нив ќе си остане без добар фундамент ако не се разгледаат некои теориски прашања, од чие правилно поставување ќе зависи успехот во нашето општо работење во полза на нашата татковина и нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Вие не слушнавте што рече тој кога му го смачкавте лицето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Што рековте?“ праша Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Извинете, што рековте?... - Реков трубачот. Извикајте го трубачот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дури и кога гледаше низ прозорец или ти се чинеше оти сега Даскалот ќе ја фати да не дочула што рекол.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Што, што рече? - Реков дека не треба да се мачиш да нѐ носиш в село. Добро ни е и тука.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Што рече, вели Јоанидис. — Тоа што чу, велам јас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Да ти прочитам што рече Маршалот на 11 Октомври? — Читај!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти, синко, не ме слушаш за ова што те учам сега; арно ама ќе дојде саатот, што моиве зборови се по глава ќе те удрат и тогај ќе поверуваш; арно ама што рекол некој: ќе ти дојде умот, ама ќе ти појде кумот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Арно ама што рекол некој: „Не треба човек да се радува многу, ни да жали многу, оти зијан ќе го најде“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Беше умрен таткото на едно нивно другарче од одделението, а оној што рече да дојдат можеби беше и нивниот учител, заминаа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
МИХАЈЛО: (Доѓа врз него) Ангеле! Жив беше. (Пауза) Го убивте. КИРО: Чу што рече.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Така - одговори Евто. - Не бил будала некој Турчин што рекол: „Граше наше, верата ја менив, а тебе не можам да те менам!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Дедо Геро внимателно ги ислуша сѐ што рекоа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А како ќе му одмазди Луман на Бошка за тоа што рекол дека ќе го предаде на комитите, се знаеше – со крв и никако инаку.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)