што (зам.) - си (гл.)

Среќа е сѐ она што те прави жив те прави она што си, те воздигнува до небото, те прави силен и самоуверен.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
„Скапуваш“, рече тој, „се распаѓаш на парчиња. Што си ти? Една вреќа нечистотија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
1. Да пловиш или леташ Исто е, штом си вон од себе, Излезен од својата кожа, ум, Ако си небесен друм, Упатен кон Севишниот дух И ти дух си, невидлив, молчелив Делче од бескрајот од етерот Од ветерот кој те носи, носи, Тогаш што си? Небитие?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
- Што си по професија, Радо? - Ја праша Саво.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„... Смешно.“ „Што си ученичка, нели?“ „Актерка.“ „Те поздравувам, Саро Бернар.“ Длабоки беа корените на јаворите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Има ова попладне прсти од блискост од свое. В месо да ти се вовлече и да молчи тешко и изморено, капнато да се протега под кожа во коски во сѐ што си и што не си.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Зашто ова попладне има прсти од блискост од свое в месо да ти се вовлече капнато да се протега под кожа во коски во сѐ што си и што не си. И не стој се искачи рекава го мина брегов ќе плисне врз тебе ти трчај да не те стигне сево попладне зад себе што го оставаш дур не го изгасне. Трчај гори попладнево.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Да го гледаш и да го молиш и да те моли и двајцата раце сте престорени само да молите нешто да молите Дур да слета морна пеперутка и да те гушка и ти да ја мачиш и ти да ја убиеш со едно молчење на сите камења брат да им бидеш и да гледаш како нестануваш полека кожата како ја пробиваш од себе во попладнето од попладнето во припекот како се сокриваш и пак легнат точно кај што си да се најдуваш и да молчиш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
И знам. Не ќе најдам никојпат збор за да ти кажам што си ми, колку Не ќе разберам никојпат што сум - се привиѓам човек и земја И не ќе ми одгатне никој кое е твоето и кое моето име Зашто бегај, бегај чинам Во некоја корија легни На некој камен седни На некое стебло потпри се па здогледај те, прегрни те Израсната по распаќињата вишнееш низ вековите - За твоите корени сите неба се ниски!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
БОРИС: Знаеш што си ти? Копиле набиено со хормони. Ти течат од уши.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Сѐ со убава помисла и сѐ некој те возбудил со нешто: - но, каде си? - како си? - што си?
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Што си барала дури таму?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— А што си ти, ме прашува другиот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
БОРИС: (Снимка.) „Хумор. Да. Јас сум хумор. А ти што си? Се мавташ по манастири, скрнавиш наши ора. Русинов мисли јас сум болен, а тој треба да си ги лечи бубрезите. Вечер со првиот воз да ве нема...“
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Замислен беше да истражува еден основен парадокс: Како стануваш тој што си? ‌Поточно, предметот тргнуваше во истражување на карактеристичниот однос на геј- мажите кон главнотековната култура за да се види што може да се открие за извесни структури на чувствување што им се особени на геј- мажите.3
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И преку ден врз него се таложела смолесто леплива темница од која си се заборавало - кој си, што си, кон што патуваш меѓу тромави двоколки, не грбав туку повеќе подгрбавен и од грбле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпосле не можел ли друг да му пушти крв на старчето, не можел ли друг да докажува дека од грст пепел на оној што е апнат од змија не се окотува змија со капка отров во коренот на иглестите заби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Јас ги добројав годините, па пак не ми се легнува, а не тебе што си каде-каде помлад, - рече дедо Најдо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Куршумот не прашува кој си, што си, од кај си. Гранатата - ич.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)